Црна хроника
Потврдена казната за возачот на Тоше

Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд 1 за затворската казна во траење од две години за возачот на туарегот во кој загина Тоше Проески
„Пресудата е правосилна. Предметот е симнат до Основниот суд 1 за да ја достави до странките“ потврди за Макфакс, претседателот на Апелацискиот суд, Вангел Митриновски.Кривичниот суд на 21 октомври минатата година го осуди Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на Тоше Проески на две години затвор. Според судот виновен е затоа што возел повеќе од дозволеното и не држел соодветно растојание кога го претекнувал камионот.Несреќата во која загина македонската поп-ѕвезда Тоше Проески се случи на 16 октомври пред три години во Нова Градишка во Хрватска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со мопед удрил во 13-годишен пешак и побегнал

Синоќа околу 21:10 часот во СВР Куманово, е пријавено дека на регионалниот пат с.Лојане-Граничен премин Миратовац, кај с.Лојане, општина Липково, мопед удрил во 13-годишник од с.Лојане, општина Липково по што возачот со мопедот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на мопедот.
Топ
21-годишно момче загина а две лица се тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Денеска (28.08.2025) околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22) од Градско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20) сите од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци, општина Градско, констатирани во Општата болница Велес.
Од здобиените повреди починал Љ.О., а од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Маж од Австралија пронајден починат во хотелска соба во Битола

На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С.(69) од Австралија.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.