Спорт
Озил воопшто не планира враќање во Германија

Месут Озил на презентацијата како фудбалер на Фенербахче ги отфрли сите можности да се врати во германската фудбалска репрезентација, ниту да игра повторно во Бундеслигата праќајќи јасна порака до земјата каде што е роден.
Озил имаше 94 настапи за Германија од 2009 до 2018 година, со 23 гола и 43 асистенции, и секако со титулата од Светското првенство во 2014 кога беше клучен човек во репрезентацијата. Сепак, четири години подоцна во Русија, Германија испадна во натпреварите по групи и Озил се откажа од репрезентацијата тврдејќи дека во Федерацијата има расизам. Таа одлука не планира да ја смени.
„Кога ќе тргнам на пат, не се враќам назад. Затоа, нема да играм за германската репрезентација повеќе. Им посакувам многу успех“, вели 32-годишниот Озил.
Тој исто така ја отфрли можноста да се врати во Бундеслигата, каде што на почетокот на кариерата играше во Шалке и Вердер.
„Но, не сонувам за враќање во Бундеслигата“, одговори кусо фудбалерот.
“When I go down a path, I never turn back”
Mesut Ozil receives a huge round of applause as he says he will never play for Germany again pic.twitter.com/bUGM3DV32q
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) January 27, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Димитриевски би можел да се пресели во Елче

Столе Димитриевски до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Валенсија. Целта на македнскиот репрезентативец е да остане во Шпанија.
Димитриевски, минатото лето како слободен играч пристигна во Валенсија од Рајо Ваљекано. Претходно клубот го продаде Георги Мамардашвили во Ливерпул, но клубот од Англија репи да го остави голманот на позајмица.
Кога клубовите се договорија јасно беше дека Димитриевски ќе биде резерва. Бранеше само на натпреварите во Купот и на неколу натпревари во првенството кога Грузиецот беше повреден.
Статусот на Димитриевски не се подобри ниту по завршувањето на сезоната, Мамардашвили замина, но Валенсија реши на позајмица од Атлетик Билбао да го донесе младиот голман Хулен Агирезабала.
Поради ваквата одлука на клубот македонскиот репрезентативец сака да ја напушти „Местаља“.
Шпанските медиуми пишуваат дека постои шанса Димитриевски новата сезона да ја мине на позајмица во Елче. Клубот по пауза од една година се врати меѓу шпанската елита и бара искусен голман за предизвиците во Примера.
Foto/ EPA/Rodrigo Jimenez
Спорт
Де Брујне ја објасни разликата помеѓу Конте и Гвардиола

Кевин Де Брујне вели дека се стреми кон 25-от трофеј во својата прва сезона со Наполи и ги објасни разликите помеѓу Пеп Гвардиола во Манчестер сити и Антонио Конте.
„Би рекол дека имаат два различни начини на игра. Пеп е веројатно малку повнимателен во контролата и поседот на топката, додека Конте е малку поструктуриран во играта и многу се фокусира на менталитетот. Пеп работи повеќе во просторот“, изјави Де Брујне за „Кориере дело Спорт“.
„Постојат неколку различни работи, но секој тренер има свои принципи и карактеристики“.
Белгиската ѕвезда, исто така, објасни кој трофеј најмногу сака да го освои за време на неговиот престој во Наполи.
„Веројатно Скудетото, но никогаш не сакам да бирам. Ќе земам што можам да освојам. Сепак, бидејќи никогаш не сум играл во Италија, освојувањето на лигата би била добра цел, тоа би било многу кул“.
Спорт
На сите играчи што ќе испаднат од Серија А ќе им бидат намалени платите

Италијанската фудбалска федерација и Серија А постигнаа договор со кој платите на фудбалерите ќе бидат намалени за 25 проценти доколку нивните тимови испаднат во Серија Б.
Петгодишниот договор беше објавен денеска. Намалувањето на платите има за цел да го намали финансискиот притисок врз клубовите испаднати од Серија А и ќе важи за сите договори потпишани по 2 септември 2025 година.
Новиот систем автоматски ги намалува платите, освен ако не е поинаку наведено во договорот на играчот.
Постојните договори ќе останат предмет на претходно договорени услови. Доколку тимот се врати во Серија А, платите ќе се вратат на нивната оригинална вредност.
Колективниот договор, исто така, воведува структура на минимална плата врз основа на возраста на играчот, која не може да се намали дури ни по испаѓањето.