Контакт

Спорт

Погба: Златан – расист? Ајде не шегувајте се

Објавено пред

Пол Погба застана зад својот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, по обвинувањата за расизам против шведскиот ветеран по бурната пресметка со Ромелу Лукаку, уште еден поранешен играч на „ѓаволите“ на вчерашното дерби Интер – Милан.

Снимките од инцидентот беа анализирани до бескрај од медиумите и некои од нив сметаа дека боцката на Златан: „Викни ја мајка ти и прави го тоа вуду-с.ање“ е јасен пример за расизам. Ова е провокација за изјавата на еден од акционерите на Евертон, кој тврдеше дека тој одбил да потпише нов договор кога Јунајтед беше заинтересиран за него бидејќи неговата мајка посетила вуду-свештеник.

Погба вели дека е невозможно Ибрахимовиќ да е расист.

„Златан… расист? Тој ме сака премногу и е последниот човек за кого би помислил дека е расист. Ајде не шегувајте се со тоа“, напиша Погба на „Твитер“.

Вербалниот дуел на Ибра и Лукаку – „Да ве е..м тебе и жена ти… Оди прави ги оние вуду-глупости“



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ф1 и оваа година ќе се вози во Португалија

Објавено пред

Челниците на Формула 1 потврдија дека трката за Големата награда на Португалија ќе се вози и оваа година. Според најновиот распоред, Португалија ќе биде третата трка во календарот. Викендот во Портимао ќе се одржи од 30.април до 2.мај. Минатата сезона Формула 1 дебитираше во Портимао.

Коронавирусот предизвикува организациски проблеми во календарот. Трката во Австралија, со која традиционално започнува сезоната, ќе се вози на 21.ноември, додека Големата награда на Кина нема да се вози и оваа година.

Сезоната во Формула 1 ќе започне на 28.март, со трката за Големата награда на Бахреин. Трката на патеката „Сакир“, е прва од рекордните 23 трки што ќе се возат оваа година.

Прикажи повеќе...

Спорт

НБА: Победи за Портланд, Милвоки, Денвер…

Објавено пред

Девет напревари се одиграа во НБА-лигата пред паузата поради олстар-натпреварот, кој ќе се одигра в недела.

Во најдраматичниот натпревар Милвоки победи во Мемфис со 112:111. Победата ја реши Џру Холидеј со поените постигнати на пет секунди до крајот на натпреварот. Јанис Адетокумбо го предводеше Милвоки со 26 поени и 11 скока, на спротивната страна најдобар беше Џа Морент со 35 поени.

Драматично беше и во Портланд, каде што Демијан Лилард на својот тим му ја обезбеди победата над Сакраменто 123.119. Лилард 10 од своите 44 поени постигна во последните три минути. Брилијантен меч за Портланд одигра и Енес Кантер (22 поени и 21 скок). 32 поена за Сакраменто постигна Диерон Фокс.

 

Вашингтон ја продлабочи кризата на ЛА Клиперс. Вашингтон победи 119:117 предводен од првиот стрелец во лигата Бредли Бил, кој постигна 33 поени, Расел Вестбрук забележа 27 поени, девет скока и 11 асистенции. Клипрс го запиша шестиот пораз на последните 10 натпревари. Ивица Зубац имаше дабл-дабл од 13 поени и исто толку скокови, а Каваи Ленард постигна 22 поена.

Четвртата победа во низа Денвер Нагетс ја забележа против Индијана Пејсерс. Нагетс победи 113:103. Мајкл Порттер јуниор го предводеше Денвер со 24 поени и 12 скока, Никола Јокиќ имаше 20 поени, 12 скока и осум асистенции.

Резултати:

Бостон – Торонто 132:125
Вашингтон – ЛА Клиперс 119:117
Њујорк – Детроит 114:104
Индијана – Денвер 103:113
Мемфис – Милвоки 111:112
Њу Орлеанс – Мајами 93:103
Сан Антонио – Оклахома 102:107
Финикс – Голден стејт 120:98
Портланд – Сакраменто 123:119

Прикажи повеќе...

Спорт

Историски неуспех на Ливерпул

Објавено пред

По испишувањето на најславните страници во клупската историја, Јирген Клоп со Ливерпул сега ги пишува најсрамните страници во клупската историја.

Екипата, која во 2019 година ја освои титулата во Лигата на шампионите, потоа доминира во Премиер лигата, сега не знае да победи на домашен терен.

Ливерпул имаа една нестварна серија, 68 натпревари не беа поразени на „Енфилд“, а сега не може никого да победи на домашен терен.

„Црвените“ синоќа во дербито беа поразени од Челси (0:1). Ова е петти пораз по ред за Ливерпул, а вкупно седми на кој нема победа на „Енфилд“.

Последен пат Ливерпул како домаќини победил на 16 декември минатата година против Тотенхем (2:1).

По Тотенхем, играше нерешено со Манчестер јунајтед (0:0) и ВБА (1:1), а потоа влезе во серијата порази: Барнли (0:1), Брајтон (0:1), Манчестер сити (1:4), Евертон (0:2), Челси (0:1).

Катастрофалната низа Ливерпул има можност да ја прекине в недела кога ќе го пречека Фулам.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Руската вакцина ќе пристигне во Македонија оваа недела

Премиерот Зоран Заев соопшти дека, најверојатно, првите 3.000 вакцини „спутник в“ ќе пристигнат во земјата в недела. „Еве, јас знам...

Македонија39 минути

Медицинска сестра од Ортопедија за операција барала 300 евра, бонбониера и пијалак, во полиција ја пријавиле доктори

Медицинска сестра од Клиниката за ортопедија е обвинета дека за операција барала и добила 300 евра, бонбониера и пијалак. Во...

Македонија2 часа

Засилени инспекции во Маврово: голем број хотели директно ги испуштаат отпадните води во езерото

По претставка на граѓани, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖЗС) врши интензивен надзор врз правни субјекти на територијата на Националниот...

Топ2 часа

Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект. „По претходна пријава,...

Регион3 часа

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Европа4 часа

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирусот од глобалната програма „Ковакс“, објави претседателката Маја Санду. Таа на...

Свет4 часа

(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирусот

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со...

Македонија4 часа

Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Двајцата убиени, во кои ноќеска беше пукано, се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР...

Регион4 часа

Словенија ги заострува условите за влез во земјата поради новите видови коронавирус

Поради опасност од внесување нови варијанти на коронавирусот, Словенија ќе спроведе засилен надзор и ќе ги заостри условите за влез...

Свет4 часа

Папата ја почна историската посета на Ирак

Папата Франциско, утрово, на аеродромот во Рим полета со авион во историска посета на Ирак, пренесоа агенциите. Како што се...

Европа5 часа

Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астра зенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астра зенека“ во таа...

Свет5 часа

Во Мексико убиени над 60 политичари пред изборите во земјата

Најмалку 64 политичари се убиени во последните шест месеци во Мексико. Се претпоставува дека тоа има некаква врска со парламентарните...

Свет17 часа

90 проценти од Израелците примиле барем една доза вакцина или го прележале коронавирусот

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес објави дека Израел, Австрија и Данска ќе формираат заедничка основа за истражување, развој и...

Македонија18 часа

Нов силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија. Според...

Свет19 часа

Путин: Руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот. Путин на состанокот...

Свет21 час

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според првичните проценки на emsc-csem.org, земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата...

Македонија23 часа

Девет починати и 721 новозаболен од Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија24 часа

„Фајзер-Бионтек“ ќе ни достави вкупно 800.280 вакцини, овој месец ќе пристигнат првите 21.000

Компанијата „Фајзер-Бионтек“ во 2021 година на Северна Македонија ќе ѝ испорача 800.280 дози вакцини, а испораката ќе се одвива во...

Македонија1 ден

МВР: Внимателно на социјалните мрежи, на „Тик-ток“ се шират повици опасни за малолетниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната...

Регион1 ден

(Видео) Грција ја проценува штетата по земјотресот, десетици жители ја поминаа ноќта надвор

Експертите денес ја проценуваат штетата по земјотресот со јачина од 6,3 степени, што го погоди централниот дел на Грција, кога...

Досие