Спорт
Ландин во пенал-драмата ги однесе Данците во полуфинале!

Египет, сепак, не успеа да направи сензација и да ги елиминира вечните фаворити Данска во четврт-финалето на Светското првенство на домашен терен, откако во еден маратонски меч по продолженијата, во пенал-драмата, тимот на Роберто Парондо налета на расположениот Никлас Ландин, кој одбрани два пенали за 39:38 победа.
Данците имаа фантастично прво полувреме, во кое имаа 16:13 предност, но Египет се врати во второто полувреме и требаше да има напад за победа во последните секунди, кога добија казна од 2 минути и одземање на топката поради погрешна замена. Данците, не успеаја да постигнат гол во финишот, и се отиде во продолженија.
Во 10-те минути, Данците прво направија предност од два гола, за потоа, во финишот, Микел Хансен, најдобриот стрелец на Данска да биде исклучен поради фрлање на топката кога му беше одземена поради пасивен напад, и Египет да се избори за второ продолжение. Тука повторно имаше драма – Египет имаше водство до финишот, но повторно во последните секунди беше досуден пенал за Данците за израмнување и пенал-серија, во која на сцена стапи Ландин, кој со два одбранети пенали беше клучниот фактор.
Во полуфиналето, Данците би се сретнале со подобриот од мечот Шпанија-Норвешка.
СП ЕГИПЕТ 2021, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Данска – Египет 39:38 (16:13, 12:15. 7:7, 4:3)
Франција – Унгарија 20.30 ч.
Шпанија – Норвешка 20.30 ч.
Шведска – Катар 20.30 ч.
Oi eu sou o Niklas Landin e acabei com o sonho egípcio 🙋♂️ pic.twitter.com/gMFslOFETG
— Francisco Tavares (@drtavares03) January 27, 2021
🔴¡¡DINAMARCA a Semifinales!! Niklas Landin y Lasse Svan dan el pase a los nórdicos donde ya esperan al ganador del España-Noruega #Egypt2021 #HispanosRTVE
39 Dinamarca 🇩🇰
38 Egipto 🇪🇬🔗https://t.co/wgAVMDSNo2 pic.twitter.com/UN6pAyh88k
— Teledeporte (@teledeporte) January 27, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
По две крвавења од носот, Куман ја прекина прес-конференцијата

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, признава дека неговата иднина на клупата на каталонскиот гигант е неизвесна објаснувајќи дека секогаш има притисок кога си тренер на толку голем клуб.
Холандската легенда на Барселона се врати во својот стар клуб минатото лето во обид да донесе стабилност во тимот по катастрофалниот 8:2 пораз од Баерн Минхен во ЛШ минатата година и отказот за Кике Сетиен.
Меѓутоа, Барса не блеска оваа сезона – таа е трета во Ла Лига зад Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, а во првиот меч од осмина-финалето на ЛШ загуби дома од Пари Сен-Жермен со 1:4.
„Знам дека има многу притисок кога си тренер на Барса. Ако не победуваш, тогаш вината е кај тренерот. Не знам што ќе се случи во иднина, но има време да се размислува за тоа“, изјави Куман пред да ја прекине прес-конференцијата поради крвавење од носот, последица на лекарствата што ги зема за срцевите проблеми.
Куман имаше срцев напад во мај 2020 година, но бргу закрепна и продолжи да биде селектор на Холандија додека не го повикаа од Барса.
Човекот што помина шест одлични сезони како фудбалер во Каталонија досега ги предводеше Барса во 37 меча, од кои победи во 23, но имаше и 8 порази. Покрај резултатите, за неизвесноста влијаат и претседателските избори во клубот откако еден кандидат, Виктор Фонт, постојано тврди дека ќе го смени Куман со Чави.
😥 Rueda de prensa accidentada…
🩸 Koeman rompe a sangrar en mitad de su comparecencia
📺 #Golazo pic.twitter.com/b0nsiTdxFx
— El Golazo de Gol (@ElGolazoDeGol) February 26, 2021
Спорт
Спустот во Вал ди Фаса за Гут-Бехрами

Лара Гут-Бехрами, победи на спуст трката, која се возеше во Вал ди Фаса. Овој италијански ски-центар, прв пат во историјата, беше домаќин на трка во рамките на Светскиот куп. Гут-Бехрами ја забележа 31 победа во кариерата, десетта во спуст. Сезонава таа има пет победи во Светскиот куп.
Лара Гут-Бехрами, патеката „Ла Волата“, долга 2.350 метри, ја мина со време 1:23.93 минути. Швајцарката со освоените 10 поени го презеде челновот мест во генералниот пласман во Светскиот куп.
Гут-Бехрами, на крајот за само две стотинки беше побрза од Рамона Зибенхофер од Австрија, додека со време 1:24.19, третото место го освои Корин Сутер од Швајцарија.
Во вкупниот пласман Гут-Бехрами има 1.047 поени, 29 помалку на второто место има Петра Влхова од Словачка.
Спорт
Почина голманот на Порто Алфредо Кинтана

Ракометниот клуб Порто, објави дека од последиците на срцевиот удар, починал 32-годишниот голман, Алфредо Кинтана.
Голманот, во понеделникот, за време на тренингот, доживеал инфаркт. Поради сериозноста на ситуацијата тој бил ставен во вештачка кома. За жал неговото срце не издржа и тој почина во петкот, во болницата „Сао Жоао“.
„Никогаш не очекувавме дека ќе објавиме ваква порака, нашиот драг Алфредо Кинтана не напушти денеска. Засекогаш ќе го паметиме како еден од нас. Вистински змеј. Почивај во мир“, објави клубот на социјалните мрежи.
Квинтана е роден на Куба, но бил и португалски државјанин десет години, забележал над 70 настапи за португалската репрезентација.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер