Црна хроника
Две кафеански тепачки во Охрид

Две одделни тепачки биле регистрирано во изминатото деноноќие во два угостителски објекти во Охрид, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Првиот инцидент се случил во ноќниот клуб „Хавана“, во неделата рано изутрината, кога по претходна вербална расправија, настанала тепачка помеѓу лицата, Т.З.(1978) и М.Е.(1972) од Охрид .Откако и двете лица се довеле под дејство на алкохол, започнале меѓусебна расправија и во еден момент Т.З. со пивско шише го удрил М.Е. во пределот на главата, а тој му возвратил со удар со тупаница во пределот на лицето. Во тепачката М.Е. се здобил со видливи повреди во вид на расекотина во пределот на главата, а со огреботини во пределот на стомакот и подлив на десната страна од лицето се здобил Т.З., за што и на двајцата им е укажана лекарска помош во медицинскиот центар. Охридската полиција со двете лица обавила разговор и по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветна пријава.Втората тепачка се случила вчера попладне во Бифе Дрвара помеѓу двајца Охриѓани од една страна и пет други засега непознати лица, од кои само за едниот се знае дека бил Велешанец.Во тепачката биле разменати удари со тупаници и клоци во пределот на главите и телата, при што двајцата се здобиле со видливи повреди во вид на расекотини на главите и повреди на носот за што им е укажана лекарска помош во медицинскиот центар Охридската полиција превзема мерки за пронаоѓање на непознати лица кои учествувале во тепачката и целосно расчистување на случајот. /крај/со/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пукале со пиштол на семејна веселба во Кичевско, повредено 16-годишно момче

Шеснаесетгодишно момче е повредено откако неколку куршуми се одбиле од подот во пукање на семејна веселба во кичевско село.
Според информациите на МВР, ноќеска во 02.30 часот, полициски службеници ги уапсиле Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол.
При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле 16 – годишно момче од селото Стрелци, кое било пренесено во Општа болница во Кичево.
Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави
Црна хроника
Приведен кавадарчанец, кој возел со речиси 3 промили алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа

Полициски службеници го приведоа 29-годишниот Р.С. од Кавадарци, откако на улицата 7 Септември во градот управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил на 21 јули околу 21:15 часот, кога Р.С. со своето патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки учествувал во судир со друго патничко возило „пежо“, управувано од 31-годишниот Б.К., исто така од Кавадарци.
При извршен алкотест, кај Р.С. биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил приведен и задржан во полициска станица.
За случајот е известен јавен обвинител.
Топ
Македонец почина на плажа во Драч

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија.
Инцидентот се случил вчера околу 19 часот во близина на Каваја. 66-годишниот маж Ш. А., жител на Македонија, најверојатно доживеал срцев удар откога влегол во морето и како последица на тоа го загубил животот, објавија албанските медиуми.
Албанската полиција отвори истрага за случајот, а телото на починатиот е предадено на судска медицина.
Фото: принтскрин