Црна хроника
Инсталација причина за пожарот во „Св. Јован Бигорски“
Уред на гас и дотраена електрична инсталација во манастриската кујна најверојатно се причините за пожарот во манастирот Свети Јован Бигорски, дознава репортерот на Форум
Според информациите од теренот, во пожарот зафатени биле кујната, машката и женската трпезарија и конаците. Тие се сосема изгорени. Според директорот на Државниот завод за спасување Екрем Зендели, штетата е непроценлива, а од она што веќе било зафатено во манастирот не било да се спаси ништо повеќе.Според очевидци, пламени јазици се кревале во височина до 15 метри. Ламбе Стојкоски од Ростуше вели дека го здогледал пламенот од дома и дека помислил оти планината гори. Колку што можел побрзо стигнал на местото на настанот и се приклучил во гаснењето во пожарот. Вели дека имало многу селани што им помагале на пожарникарите.Според Дирекцијата за заштита и спасување, за пожарот во Свети Јован Бигорски биле известени околу 4.20, по што екипите од Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево и Струга веднаш биле активирани. До 5.20 пожарот бил изгаснат. Во пожарот нема повредени. Навреме биле евакуирани сите што престојувале во манастирот, иако во една од собите каде што се наоѓале девет монаси било критично.Според сите сознанија, работниците во манастирот, монасите и свештениците навреме биле излезени и се труделе да ги спасат просториите на манастирот.Деведесетгодишниот Ахмеди Зендер од Ростуше, кој како што вели е растен во манастирот, вели дека во 2020 г. „Свети Јован Бигорски“ ќе наполни илајда години од своето основање. „Во 1940-та имаше исто така пожар во манастирот, но многу помал од денешниот“, вели дедо Ахмеди. Тој додаде дека монасите добро се грижеле за сите објекти во манастирскиот комплекс, но дека имало дотраена инсталација, што засега се посочува како една од причините за пожарот.Се очекува секој момент да пристигне претседателот Ѓорге Иванов, а веќе е пристигнат директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата, Паско Кузман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вработен во фабрика за медицински канабис во Охрид фатен со дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите на МВР, при излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш.
Црна хроника
Ограбено финансиско друштво во Гази Баба, разбојникот ја скршил влезната врата
Разбојник ја скршил влезната врата на финансиско друштво во Скопје, влегол внатре и украл пари.
Вчера околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач удри жена на улица во Скопје и побегна, МВР го пронајде
Вчера нешто пред 17 часот, на улицата Његошева во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која 69-годишната В.Д. заврши со телесни повреди.
Возилото што ја удрило било „рено“ со скопски регистарски таблички, а зад воланот бил 46-годишниот А.С. Наместо да застане и да ѝ помогне, возачот – според пријавата во СВР Скопје – побегнал од местото на настанот.
Повредената жена била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите ѝ констатирале телесни повреди. Полицијата веднаш презела мерки за лоцирање на возачот, кој бил пронајден и со него бил извршен службен разговор.
Според информациите од СВР Скопје, за случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

