Европа
Британска наставничка имала сексуални односи со 15-годишен ученик

Наставничка од Велика Британија може да се соочи со затворска казна по прогласувањето за виновна за уште точка од обвинението против неа, а тоа е сексуален однос со петнаесетгодишен ученик.
Кандис Барбер (35) во неколку наврати имала секс со 15-годишното момче, еднаш и на спортски терен. Подоцна му праќала СМС-пораки, каде што го прашувала дали повеќе му се допаѓа нејзиниот задник или градите.
Accused British Teacher Was Too Short To Commit Sex Act With Teen Student As Described, Lawyer Says
A former student of Kandice Barber testified in court that the pair performed sexual acts together on three separate occasions, including once in a field. https://t.co/kbmSkkbEzV
— Crime Time (@OxygenCrimeTime) January 21, 2021
Целиот инцидент станал познат кога во училиштето почнале да кружат нејзини топлес-фотографии, кои ѝ ги праќала на својата жртва. Снимките стигнале и до директорот на училиштето, пишува „Дејли мејл“.
Барбер е прогласена за виновна за поттикнување дете под 16-годишна возраст на сексуални активности. Наставничката и мајка на три деца ѝ пристапила на својата жртва на Денот на спортот откога претходно се прифатиле како пријатели на социјалните мрежи.
На претходното судење минатиот септември во Ејлсбери, Барбер беше осудена за сексуално дело со малолетник, што се случило меѓу септември и октомври 2018 година.
Тогаш таа беше осудена и за испраќање видеа на кои изведувала сексуални активности, опкружена со сексуални помагала.
Кога директорот на училиштето го поканил 15-годишното момче на интервју, тоа негирало сексуален однос со наставничката.
Подоцна, за време на разговор со полицијата, рекло дека таа му се заканувала.
„Таа рече дека ќе ме повлече со неа ако ја издадам. Ја прашав дали сака да ме обвини за силување. По тоа, бев лут и повеќе не разговарав со неа“, рекол малолетникот.
Барбер беше уапсена на 12 март минатата година, а за време на нејзиниот прв разговор со полицијата, таа негирала дека имала сексуални односи со момчето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Естонија ја откри патеката на летот на руските авиони вклучени во упадот

Министерството за одбрана на Естонија ја објави патеката на летот на трите руски воени авиони кои го нарушиле естонскиот воздушен простор.
Во соопштението се наведува дека италијански борбени авиони на НАТО ги придружувале руските летала при напуштање на територијата.
„Нарушувањето“ се случило над Финскиот Залив, северно од главниот град Талин, соопшти министерството.
Објаснуваат дека руските авиони од типот МиГ-31 летале „паралелно со државната граница, од исток кон запад“.
Се додава дека тие навлегле помалку од 10 километри во естонскиот воздушен простор.
Европа
Сајбер-напад предизвика проблеми на европските аеродроми

Сајбер-напад насочен кон давател на услуги за системи за пријавување и качување во авион го наруши работењето на неколку европски аеродроми, предизвикувајќи одложувања и откажувања на летови на аеродромите во Брисел и Берлин, соопштија операторите.
Нападот ги оневозможи автоматизираните системи за пријавување и качување во авион, принудувајќи го оперативниот тим на аеродромот да премине на рачни процедури, што значително го забави процесот, се вели во соопштението на аеродромот во Брисел, објави Ројтерс.
Како што е наведено, сајбер-нападот имаше големо влијание врз распоредот на летовите, а патниците беа предупредени да очекуваат одложувања.
Давателот на услуги наведува дека активно работи на решавање на проблемот и враќање на системот во функција.
„Поради технички проблем со давател на систем кој работи низ цела Европа, има подолго време на чекање за пријавување. Работиме на брзо решавање на проблемот“, соопшти аеродромот во Берлин на својата веб-страница.
Аеродром Франкфурт, најголемиот во Германија, не беше засегнат и функционира нормално.
Засега не е познато кој стои зад нападот.
Европа
Остатоци од ракета пронајдени во источна Полска

Наводни делови од ракета, за која се верува дека е употребена за соборување беспилотно летало, можеби се пронајдени во источниот регион Лублин, соопшти полската воена полиција повеќе од една недела откога Полска, со поддршка од авиони на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор.
Се очекува разгранокот на воената полиција во Лублин да спроведе форензичко испитување на деловите, соопштија властите на „Икс“.
Минатата недела Полска соопшти дека руски беспилотни летала го нарушиле нејзиниот воздушен простор во текот на ноќта кон средата додека Русија ја напаѓаше Украина.
Русија соопшти дека не ја таргетирала Полска.
фото: принтскрин