Контакт

Црна хроника

Домаќинот гаси, комшијата се фали

Објавено пред

Од противпожарната единица од Гостивар стигна писмо во кое се вели дека најголемата заслуга за гаснење на пожарот има нивната екипа, а не пожарната од Дебар, како што објавија повеќе медиуми. Порталот forum.com.mk извести дека токму со гостиварската единица монасите успеале да ја спасат црквата

dobivaj vesti na viber

Заменик-командантот на Територијалната противпожарна единица – Гостивар, Арбен Велиу ја открива вистината, кому му припаѓа најголемата заслуга за гасење на пожарот во манастирот Св. Јован Бигорски.

На 30 септември околу 3.30 часот избувна пожар во манастирот Св. Јован Бигорски кој бил пријавен кај дежурниот полицаец во ПС – Ростуше во 4.30 часот и противпожарната единица во Гостивар. Исто така, случајот бил пријавен и во противпожарната единица Дебар, а во единиците на Тетово, Кичево, Струга и Скопје во 6.25 часот, чиишто екипи помогнаа во гаснењето на пожарот, а тоа е за поздравување и за пофалба, но не можеме да не спомнеме дека Дебарската противпожарна единица ги нема сите тие заслуги како што беше објавено во медиумите, бидејќи таа единица пристигна само 10 минути пред противпожарната единица од Гостивар, а со оглед дека растојанието од Гостивар до Св. Јован Бигорски е 47 км, а од Дебар само 27 км, тоа значи дека гостиварската единица се покажала многу поажурна од дебарската.

Во пожарот живи ќе изгореле деветмина монаси

Територијалната противпожарна единица – Гостивар го покрива теренот до Бошков Мост во близина на Дебар, па според тоа манастирот Св. Јован Бигорски припаѓа на територијата на старите граници на Општина Гостивар, затоа го демантираме дебарскиот градоначалник Аргтим Фида кој очигледно не знае до каде е територијата на Општина Дебар или свесно го кажува тоа за да ги придобие државните институции.

Гостиварската противпожарна единица откако ја добила веста, веднаш тргна со 2 камиона на местото на настанот во 4.30 часот, а таму пристигнаа во 5.30 минути. Во 6.00 беше наредено да тргне и третиот камион, бидејќи огнот бил многу поголем отколку што се претпоставуваше, па затоа се упати и третиот камион со вкупно 6 пожарникари, а противпожарните единици од Дебар, Кичево, Тетово, Струга, а подоцна и единицата од Скопје учествуваа со по еден камион.

Присутни беа претставници од Дирекцијата за заштита и спасување – Гостивар, директорот на Националниот парк и градоначалникот на Маврово-Ростуше и сите заедно ја следеа ситуацијата и доста добро се запознати за нашата определба како единица за спасување на Црквата да не се зафати со пожар, а не како тоа го прикажаа нашите колеги пожарникари од општина Дебар во весникот Дневник, Фидоски Абдула и Реџеп Бегунеци. Пожарникарите од општина Гостивар Милош Димитриевски и Младен Матески и веднаш по нив Фатмир Шаќири и Предраг Мојсоски по пријавата тргнаа кон Бигорски, а со третиот камион Фикрет Адеми и заменик-командирот од Гостивар Арбен Велиу. Дебарските пожарникари, во однос на нивниот број, вистината е дека учествувале со 1 камион со 2 пожарникари и командирот на дебарската единица.

Она што се вели во весникот Дневник дека биле 10 пожарникари и 2 камиона нема ништо заедничко со реалноста, а тоа може да го потврдат најдобро самите монаси меѓу кои се Отец Еразмо и Атанас. Што се однесува до сликата во весникот, се забележува присуството на заменик-командирот и пожарникарите од Единицата од Гостивар, а за истите се наведува дека се пожарникари од Дебар.

За гаснење на пожарот дојдоа 2 воени хеликоптери, кои пристигнаа во 9 часот, а полицијата од ПС Ростуше цело време коректно го обезбедуваше местото зфататено со пожар. Тие се повлекоа тогаш кога се утврди дека не постои ризик од ширење на пожарот, што значи дека држеа дежурство со нашата противпожарна екипа до 2 октомври до 18 часот кога и се повлекоа дефинитивно.Вреди да се спомене дека за Територијалната противпожарна единица на Општина Дебар, бидејќи пристигнала прва, согласно член 33 од Законот за пожарникари во кој се наведува дека: “Со гаснењето на пожарот раководи раководителот Противпожарната единица која прва започнува со гаснење на пожарот”. Но, наместо да командува со пожарот, Противпожарнта единица на Дебар се оддалечи од местото во 9.30 без да се координира со другите единици, иако за сето време акцијата се командуваше од страна на заменик-командирот на Противпожарната единица од Општина Гостивар и инспекторот на Дирекцијата за заштита и спасување – Гостивар, кој асистираше цело време во местото на настанот.

Огнот бил локализиран околу 8 часот наутро, а дефинитивно изгаснат во 17 часот. Другите противпожарни единици се повлекоа со наредба на Противпожарната единица од Гостивар, каде што продолживме да дежураме редовно се додека се утврди дека не постои ризик од ширење на огнот, и според Законот и правилникот на пожарникарите треба да се овозможи развој на истрагите на инспекторите за крим-техника и истражниот судија. Затоа противпожарната единица на Општина Гостивар држеше дежурство од гасењето на пожарот на 30 септември па се до 2 октомври.

Тоа никој не може да го негира, и токму поради таа причина граѓаните на Р.Македонија да ја знаат вистината во врска со овој случај, каде што може слободно да се рече дека ние од Противпожарната единица – Гостивар сме го имале најголемиот товар од самиот почеток па се до крајот на акцијата. Заменик-командир на ТППЕ – Гостивар Арбен Велиу Во пожарот живи ќе изгореле деветмина монаси



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија

Објавено пред

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

dobivaj vesti na viber

На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Го нападнал синот во Струшко

Објавено пред

Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник

Објавено пред

Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

dobivaj vesti na viber

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет2 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет3 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет4 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет4 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет4 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија12 часа

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија16 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија20 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија21 час

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија21 час

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија22 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија23 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет23 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија1 ден

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија1 ден

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија1 ден

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет1 ден

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...