Црна хроника
Мајка заработи кривична пријава за запуштање и малтретирање дете
Во периодот од 25.01. до 29.01.2021 од страна на полициски службеници од СВР Скопје заедно со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје преземени се мерки и активности за спречување на социопатолошката појава „питачење“. Притоа биле приведени Р.А.(36), М.С.(24) и С.О.(38) од Скопје и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, а евидентирано е и едно малолетно лице, поради што во полициска станица била повикана нејзината мајка Л.С.(44) од Скопје, против која по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело запуштање и малтретирање на дете по чл.201 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.