Контакт

Европа

Ходорковски го основа движењето Отворена Русија

Објавено пред

Поранешниот руски олигарх и жесток противник на актуелното руско раководство, Михаил Ходорковски, во саботата на свеченост во француската престолна Париз го промовираше новиот проект чиј цел најави дека ќе биде да ги обедини проруските сили во Русија.

dobivaj vesti na viber

„Малцинството ќе има влијание доколку добро биде организирано“, изјави Михаил Ходорковски, по повод основањето на новото движење коешто самиот ќе го предводи под називот „Нова Русија“, пренесува AFP.

Некогаш најбогатиот русин и еден од најбогатите луѓе во светот, Ходорковски, по десет години минати во затвор во Русија беше ослободен откако на неговото барање за помилување позитивно одговори рускиот претседател Владимир Путин, што во Европа беше протолкувано како израз на добра волја кон европските политичари, во прв ред од Германија, кои се залагаа за ослободувањето поранешниот сопственик на нафтениот гигант „Јукос“.

Ходорковски појасни во саботата дека новото движење го нарекол по својот по добротворната фондација којашто по апсењето мораше да ја затвори. По ослободувањето од затворот во декември 2013 година, тој изјави и вети дека нема намера повеќе да се меша во политиката, но аналитичарите сметаат дека неговиот проект токму има политички амбиции и го доведуваат во поврзаност со моменталните заладени и крајно вложени односи меѓу Москва и Западот на чии напади е изложен во прв ред рускиот претседател Владимир Путин.

„Се залагаме за она што го нарекуваме европски избор, а тоа значи за држава во којашто владее законот. Сметаме дека тезата според којашто Русија не е Европа е лага. Ние сме Европа во географска и во културолошка смисла. Реално, европскиот развој не значи нужно и отфрлање на националните вредности. Во Европа секоја држава е слободна да го следи својот сопствен пат“, рече Ходорковски во Париз кој по излегувањето од затвор живее во Швајцарија.

Поранешниот младински комунистички челник од Москва кој во периодот пред и непосредно по распадот на Советскиот сојуз неверојатно уживајќи ја близината со тогашните руски политички моќници во Кремљ брзо создаде непроценливо богатство, беше уапсен во 2003 година под обвинение за затајување данок и финансиски малверзации. Меѓутоа, Ходорковски тврдеше дека вистинската причина да биде осуден на затвор е противењето на политиките на Путин кој во тој период дојде на чело на земјата.

Ходорковски во декември 2010 година беше осуден и на 14 години затвор за кражба на нафта и перење пари, што подоцна беше намалена прво за една година, а потоа за уште две години. Врховниот суд потоа за два месеца му ја намали казната и на Платон Лебедев, поранешен челник на поранешната компанија „Менатеп“ кој беше деловен партнер на Ходорковски.

Поранешниот претседател на управата на „Јукос“ и сопственик на компанијата Михаил Ходорковски, беше уапсен на 25-ти октомври 2003 година. Според истрагата, Ходорковски му давал инструкции на претседателот на бордот директори на „Менап“ (чиј претходно директор на истоимена меѓубанкарска фирма и банка беше самиот Ходорковски), Платон Лебедев во врска со украдените 20 отсто од акциите на компанијата „Апатит“ и препродавање на нејзините производи на светскиот пазар по цени кои двојно ги надминувале цените на внатрешниот руски пазар. Според судот, нивните дејствија на руската држава и’ причиниле штета од 500 милиони американски долари. На 31-ви мај 2005 година, Ходорковски и Лебедев во обединето дело беа осудени на по 9 години затвор.

На 5-ти февруари 2007 година, пак, Ходорковски и Лебедев се соочија со нови обвиненија за присвојување и перење парични средства, а на 30-ти декември 2010 година Хамновническиот суд во Москва ги осуди на 13,5 години затвор. Меѓутоа, бидејќи двајцата веќе служеа шест месеци од првата затворска казна, судот им изрече единствена затворска казна од 14 години. Во декември 2012 година Президиумот на Врховниот суд ја намали казната од 13 на 11 години.

Богатството на Хордаковски порано беше проценувано на 40 милијарди долари, но по неговата пресуда во 2005 година, пропадна или го откупи државата.

И Ходорковски и Лебедев не ја признаваат вината и ги отфрлаат обвиненијата. Ходорковски повторно го критикуваше судењето како политички мотивиран процес.

Меѓутоа, на 25-ти јули 2013 година, Европскиот суд за човекови права во Стразбур го отфрли тврдењето дека судењето на Ходорковски е политички мотивирано, но дека првичното судење било правно некоректно и дека пресудата од 2005 година била неоправдана./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

(Видео) Путин: Оваа криза не почна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање на конфликтот.

dobivaj vesti na viber

Тоталната инвазија на Украина беше наредена од Владимир Путин пред три и пол години. Во војната загинаа десетици илјади луѓе и беше опустошен голем дел од источна Украина.

„Оваа криза не започна со рускиот напад врз Украина, туку е резултат на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа и охрабри“, рече Путин на самитот на Шангајската организација за соработка во кинескиот град Тјенџин.

„Друга причина за кризата се постојаните обиди на Западот да ја вовлече Украина во НАТО“, додаде рускиот претседател.

Како избувна војната?
Конфликтот во Украина започна во 2014 година по месеци масовни протести познати како Револуција на достоинството, кога беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович. Кратко потоа, Русија го окупираше и анектираше Крим, а на истокот од земјата, во Донецк и Луганск, избувнаа борби меѓу украинските сили и проруските паравоени групи со директна поддршка од Москва. И покрај договорите од Минск од 2014 и 2015 година, војната во Донбас никогаш навистина не заврши.

Ситуацијата драматично ескалираше на 24 февруари 2022 година, кога Русија, по наредба на Путин, започна целосна инвазија на Украина.

Руските сили тргнаа од неколку правци, тргнувајќи и кон Киев, но наидоа на жесток украински отпор и беа принудени да се повлечат од северните региони. Војната потоа се концентрираше на југот и истокот од земјата, каде што се водеа најжестоките борби.

До ден денес, украинските градови остануваат систематски бомбардирани од руски ракети и беспилотни летала, додека Украина возвраќа со напади врз воени цели длабоко на руска територија. Конфликтот одзеде десетици илјади животи, расели милиони и претвори огромни делови од земјата во бојно поле, а мировните преговори се во застој.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Европски научници: Пожарите на Медитеранот се директна последица од климатските промени

Објавено пред

Незапаметени пожари ги опустошија северна Шпанија и Португалија во последните недели, а Европската Унија се соочува со најлошата сезона на пожари откако започнаа евиденциите во 2006 година. Рекорден број од еден милион хектари изгоре низ Унијата, површина приближно половина од големината на Велс, објави Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Шпанија и Португалија се особено тешко погодени, а научниците од ЕУ проценуваат дека е изгорена околу 1% од целиот Пиринејскиот Полуостров. Повеќе од две третини од вкупната изгорена површина во ЕУ е во овие две земји. Според Европскиот информативен систем за шумски пожари „Коперник“ (EFFIS), повеќе од 400.000 хектари изгореле во Шпанија од почетокот на годината до 26 август. Ова е шест пати повеќе од просекот за истиот период помеѓу 2006 и 2024 година. Соседна Португалија, исто така, бележи рекордни 270.000 хектари изгорени, речиси пет пати повеќе од просекот.

Вкупно, 684.000 хектари се изгорени на Пиринејскиот Полуостров оваа година, при што поголемиот дел од оваа површина е изгорена за само две недели. Пожарите се концентрирани во шумските области на северна Португалија и во шпанските региони Галиција, Астурија и Кастиља и Леон. Пожарот не ги поштеди ниту заштитените подрачја како што е Националниот парк Пикос де Европа, ниту трасата на мрежата за поклонение Камино де Сантијаго, која привлекува повеќе од 100.000 посетители во лето.

Овие настани предизвикаа најголема мобилизација на пожарникари во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ досега.

Чадот од пожарите драстично го влоши квалитетот на воздухот, носен од јужните ветрови до Франција и Обединетото Кралство. Во посебна студија, научниците од групата World Weather Attribution на Империјал колеџ во Лондон директно ја поврзаа влошената сезона на пожари во Медитеранот со климатските промени.

Пожарите, исто така, создаваат маѓепсан круг со ослободување на огромни количини јаглерод диоксид (CO2) во атмосферата, што дополнително ја затоплува планетата. Според податоците на ЕУ, CO2 ослободен од пожарите во Шпанија оваа година достигна рекордни 17,68 милиони тони.

Експертите предупредуваат дека почестите и посериозни пожари низ Европа веројатно ќе продолжат.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Принцот Хари оди во Велика Британија на третата годишнина од смртта на баба му, кралицата Елизабета

Објавено пред

Британскиот принц Хари ќе пристигне во Обединетото Кралство на 8 септември, на третата годишнина од смртта на баба му, кралицата Елизабета Втора, за да присуствува на церемонијата на доделување награди за добротворната организација. Хари живее во Калифорнија откога се повлече од кралското семејство во 2020 година. Тој ќе се врати во својата татковина за да присуствува на 20-годишнината од наградите „Велчајлд“, се вели на веб-страницата на добротворната организација.

dobivaj vesti na viber

Хари е покровител на добротворната организација веќе 17 години, а за време на настанот на 8 септември ќе се сретне со тешко болни деца и со нивните семејства и ќе додели награда на инспиративно дете.

„Се чувствувам привилегиран што можам да присуствувам на наградите ‘Велчајлд’“, рече Хари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! Magazine (@hellomag)

Неговото враќање во Обединетото Кралство сигурно ќе ги разгори шпекулациите за помирување со кралското семејство, пишува агенцијата „Франс прес“. Хари во интервју за Би-би-си во мај изјави дека сака да се смири со својот татко, кралот Чарлс III. Истиот месец 40-годишниот принц последен пат беше виден во својата татковина, каде што пристигна на судско рочиште.

„Мејл он сандеј“ објави фотографии во јули од состанокот меѓу кралот и советниците на Хари, што беше протолкувано како прв чекор кон помирување. Кралицата Елизабета II почина на 8 септември 2022 година во нејзината шкотска резиденција Балморал. Принцовите Вилијам и Хари последен пат беа видени заедно неколку дена подоцна во замокот Виндзор.

Расколот меѓу Хари и кралското семејство дополнително се влоши на почетокот на 2023 година кога принцот ги објави своите мемоари, во кои беше особено критичен кон својот брат и кон принцезата Кејт.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 часа

Кремљ негира вмешаност во инцидентот со ГПС со авионот на Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата дека Русија се мешала во услугата на Глобалниот систем за позиционирање (ГПС)...

Македонија9 часа

Мицкоски: АР и АНБ ги користеле државните ресурси и ме прислушкувале, мислејќи дека на тој начин ќе добијат предност кај нивните налогодавци

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање посочи дека во минатото Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги...

Македонија12 часа

(Видео) Родителите од Демир Хисар на протест побараа бесплатен превоз за учениците: „Нема да престанеме да се бориме“

На првиот училиштен ден,  на патниот правец Демир Хисар – Битола, кај местото Мраморица, се одржа мирен протест со блокада...

Македонија13 часа

Николоски: Доста е од злоупотреби на тајните служби, процесуирање на одговорните е предуслов за демократијата во Македонија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира...

Македонија16 часа

Муцунски: Благодарение на СДС и ДУИ преговорите со ЕУ не може да бидат блокирани затоа што никогаш и не почнаа

Денес Венко Филипче повторно зборуваше за преговорите со ЕУ, како тие да се блокирани. Но вистината е тажна и едноставна...

Македонија17 часа

Бројот на германски туристи зголемен за 219 отсто, над 23.000 Германци годинава ја посетија Македонија

Во рамките на Museumuferfest во Франкфурт, настан што секоја година ги обединува посетителите од регионот и многубројните туристи од целиот...

Македонија18 часа

Македонија 51. на листата на земји според Глобалниот индекс за мир за 2025

На Глобалниот индекс за мир (GPI) за 2025 година Македонија е на 51. место со резултат од 1,799. Ова, според...

Македонија18 часа

Во август 19.343 сообраќајни прекршоци, уапсени 82 возачи

Во периодот од 01 до 31 август, од вкупно 19.343 издадени платни налози, 6.730 прекршоци се однесуваат на возачи кои...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Пред 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денес, по 15 години, зборуваме за учебник за секое дете

По повод почеток на новата учебна година, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски го посети ООУ „Кирил...

Македонија19 часа

Македонија доби 2,3 милиона евра неповратна помош од ЕУ

ЕУ ги ослободи средствата од првата транша за Северна Македонија. На земјата и се исплатени 2.3 милиони евра како неповратна...

Топ19 часа

Уапсен дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана

Вчера околу 19 часот на улицата „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Свет20 часа

(Видео) Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан: досега најмалку 622 загинати

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, повеќе од 1.500...

Европа21 час

(Видео) Путин: Оваа криза не почна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање...

Македонија22 часа

Нема активни пожари во Македонија

Во изминатото деноноќие до 07:00 часот утрово, на територијата на Македонија имаше вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои...

Македонија22 часа

Почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до...

Свет23 часа

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите Палестинци

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите носители на палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ во неделата. Ограничувањата се построги...

Свет23 часа

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-би-си. Според...

Свет23 часа

(Видео) Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј

Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј, а едно лице поврзано со судирот е уапсено, објави утрово австралискиот телевизиски...

Македонија24 часа

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија1 ден

Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Поради големиот пожар повеќе...