Црна хроника
Најмалку 38 загинати во автобуската несреќа во јужна Италија

Најмалку 38 луѓе загинаа на југот од Италија во автобуската несреќа што се случи ноќта кон понеделникот кога автобус се урна од вијадукт на државниот пат А16 во амбис длабок 15 метри, објавија локалните власти.
Според последните официјални информации од италијанските спасувачки служби, од 7 часот утрото во понеделник, десетина патници се хоспитализирани, а повеќето од нив се во критична состојба.
Вкупно до уништениот автобус биле извлечени телата на 36 загинати патници, а уште двајца починале од повредите во болница.
Според сообраќајната полиција, несреќата се случила на делницата Неапол – Каноза, На автопатот А 16 во близина на автопатот Монтефорте Ирпино. Автобусот превезувал околу 48 лица на враќање во Неапол, по нивнито аџилак во регионот Кампања.
Според очевидци, автобусот најверојатно имал проблем со системот за собирање. Портпаролот на противпожарната служба изјави дека во несреќата се инволвирани уште најмалку два автомобила. Според очевидци, по откажувањето на сопирачките, автобусот удрил уште неколку други возила, потоа излетал од патот и паднал во бездната, при што починал на самото место и возачот. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.