Спорт
Претседателот на Новара „фатен“ со 200.000 евра во „плик“
Марчело Чианчи, претседателот на италијанскиот третолигаш Новара, си поднесе оставка, откако беше фатен со 200.000 евра во кеш, пари за кои не можел да даде објаснување од каде му се.
Според „Ла газета дело спорт“, 50-годишниот Чианчи бил сопрен во својот автомобил од полицијата во Реџо Калабрија, која пронашла плик со огромната сума пари, скриен во кутија со храна.
Чианчи, кој е на чело на Новара од 2019 година, не успеал да објасни од каде му се парите, така што тие биле конфискувани, а била покрената и истрага. Новара преку соопштение објави дека тие немаат врска со тие пари и дека се работи за „личен проблем“ на сега веќе поранешниот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Родителите се чудо, вршат притисок дури и во Реал Мадрид
Родителите на Џуд Белингем и Родриго, се грижат за нивните кариери. Нови детали продолжуваат да се појавуваат за случувањата зад сцената во Реал Мадрид. Веќе е познато дека односот помеѓу Чаби Алонсо и одредени играчи во соблекувалната не е идеален, но тоа не е единствениот проблем.
Според „Атлетик“, таткото на Родриго и таткото на Џуд Белингам редовно контактираат со клупските челници за да разговараат за улогите на нивните синови во тимот.
Додека Белингам, и покрај малку послабите игри, сè уште има статус на клучен играч, Родриго падна во втор план и поголемиот дел од времето го поминува на клупата, што предизвика незадоволство кај неговото семејство.
Минатата недела, шпанските медиуми, објавија дека Флорентино Перез донел одлука да го продаде Родриго. Бразилецот може да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, но не за сума помала од 80 милиони евра.
Сето ова создава дополнителен притисок врз Алонсо, особено во време кога резултатите на Реал не се идеални. Реал, вчера во Билбао ја прекина серијата од три нерешени резултати во првенството.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Вања го сруши светскиот рекорд
Вања Милинковиќ-Савиќ (28), голман на актуелниот италијански шампион Наполи, направи вистински подвигот во осминафиналето на купот.
Наполи и Каљари во 90 минути одиграа 1:1, па победникот беше решен по изведување на пенали.
Наполи победи со 19:8 откако двата тима упатија дури 10 шута од по 11 метри. Херој во пенал рулетот беше голманот на Наполи. Во последната серија, тој одбрани удар на Жито Лувумбо, но пред тоа направи нешто веројатно невидено.
Шутираше пенал во осмата серија, постигна гол со моќен удар под пречката. Неговиот колега од другата страна, Елија Каприла, беше немоќен да одбрани таков удар.
Голот што го постигна Милинковиќ-Савиќ со топовски удар од 11 метри веднаш стана вирален на социјалните мрежи.
Српските медиуми објавуваат дека аналитичарот Рикардо Тревисани изјавил дека Милинковиќ-Савиќ ја шутирал топката така што таа влегла во голот со брзина од 130 километри на час.
Vanja Milinković-Savić, one of the best goalkeepers itw. pic.twitter.com/GO6MKG96AE https://t.co/q8Z7OH6bBM
— Daniel (@danieIscouting) December 3, 2025
Доколку ова е точно, Милинковиќ-Савиќ го срушил рекордот што го држеше Трент Александер-Арнолд.
На Европското првенство минатата година, тој постигна гол од пенал со топка што се движеше со брзина од 125,6 километри на час. Во текот на својата кариера, Милинковиќ-Савиќ веќе изведуваше пенали, а претходно изведуваше и слободни удари.
Foto/ EPA
Спорт
Реал скапо ја плати победата во Билбао
Во 19-то коло од шпанската Ла Лига, фудбалерите на Реал Мадрид забележаа убедлива победа од 3:0 на гостински терен против Атлетик во Билбао. Килијан Мбапе ги предводеше „Кралевите“ до победа со два, а Едуардо Камавинга додаде еден со асистенција на Мбапе. По овој резултат, Реал се доближи на еден бод од лидерот Барселона, додека Атлетик е осмиот тим во Ла Лига со 20 бода.
Победата во Билбао е со горчлив вкус, бидејќи мечот не го завршија двајцата најдобри, покрај Мбапе.
Англискиот дефанзивец Трент Александер-Арнолд мораше да го напушти натпреварот поради повреда. Токму кога го одигра најдобриот натпревари во дресот на Реал. Доживеа повреда на бутниот мускул на левата нога, а првите прогнози не се оптимистички, пишува шпанскиот весник „Марка“.
Арнолд ќе биде подложен на детални прегледи за да се утврди точниот степен на повредата, но вестите што доаѓаат од клубот не влеваат надеж.
„И двата случаи се загрижувачки“, соопшти Реал, осврнувајќи се на состојбата на Трент и повредениот соиграч Едуардо Камавинга. Тој исто така пред време го заврши натпреварот, само 14 минути откако Англичанецот излезе од игра во 55-та минута.

