Спорт
Косоваре Аслани со третиот најбрз хет-трик во историјата

Фудбалерката на Реал Мадрид, Швеѓанката со косовско потекло, Косоваре Аслани влезе во историјата со третиот најбрз хет-трик во историјата на фудбалот, постигнувајќи три гола за 154 секунди при 3:1 победата над Валенсија.
Од 66:40 до 69:14 во мечот, Аслани прво даде гол од слободен удар, по што ја освои топката на работ на шестнаесетникот и имаше лоб-удар, за набргу да го постигне и својот трет гол.
Побрзи од нив досега биле само Магнус Арвидсон, кој за шведскиот второлигаш Хаселхолм во 1995 година даде три гола за 89 секунди, како и Шкотланѓанецот Томи Рос, кој за Рос каунти во 1964 година постигна три гола за 90 секунди.
THREE GOALS IN 154 SECONDS ?
? Minute (66:40)
? Minute (67:47)
? Minute (69:14)Kosovare Asllani scored the third-fastest hat-trick in soccer history.pic.twitter.com/uGdZDWf6rs
— BroBible (@BroBible) February 6, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шампионот ќе биде домаќин и ќе го игра првиот меч во Лигата на шампионите

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави дека од сезоната 2027/28 ќе воведе дополнителна новина во календарот на Лигата на шампионите. Сезоната ќе започне со домашен натпревар на бранителот на титулата во посебен термин.
Средбата шампуионот ќе се игра во вторник, додека сите други натпревари од 1. коло ќе се играат во среда и четврток.
УЕФА сака на овој начин да му даде посебено медиумско внимание, како што е случајот во американската професионална лига на американски фудбал, НФЛ, која со години започнува со домашен натпревар на бранителите на титулата во четврток, односно три дена пред да се играат другите натпревари од 1. коло.
Во позадина на оваа одлука е можноста за дополнителни приходи од продажбата на телевизиските права за следниот тригодишен период, кој ќе започне токму со сезоната 2027/28, кога дел од натпреварите би можеле да се префрлат на канали како DAZN, Netflix или Disney.
Спорт
Гаскоњ: Испив девет чаши бренди и бев прогласен за играч на натпреварот

Веројатно најталентираниот фудбалер во историјата на англискиот фудбал, Пол Гаскоњ, се потсети на неколку моменти од својата кариера во ТВ-шоуто „Добро утро Британијо“.
Животот на Пол Гаскоњ беше обележан со неверојатен дар за фудбал, но и со ексцеси во неговиот приватен живот, од кои некои оставија големи последици за него. Неодамна, тој објави автобиографија наречена „Осум“. Во ТВ-шоуто „Добро утро Британијо“, Газа се потсети на неколку моменти од својата кариера, како и на некои надвор од теренот.
Една од епизодите се случи за време на финалето на Шкотскиот Лига Куп. Глазгов Ренџерс играше против Хартс, а тогашниот менаџер на „Полицајците“, Волтер Смит, најде начин да го разбуди Пол.
„На полувремето ме праша дали сум пиел пред натпреварот, јас реков не, на што тој одговори: „Оди да се напиеш неколку пијалоци“. Испив девет чаши бренди, се вратив на теренот, постигнав два гола и бев прогласен за играч на натпреварот“, рече Гаскоњ.
Колку и да беше гениј на теренот, толку беше самодеструктивен надвор од него, понекогаш штетен дури и за оние што му беа најблиски.
„Со години се дистанцирав од семејството, тишината ме обземаше. Кога татко ми одлучи да ме смести во психијатриска установа, сфатив колку е сериозна ситуацијата. Поминав 11 дена во таа установа и тоа ми го спаси животот.“
Можеби најтешкиот дел од приказната е оној за неговиот помлад брат. За Пол, тоа беше најголемата траума.
„Самиот си ја презедов обврската да се грижам за него. Но, во момент на невнимание, тој истрча пред мене. Го удри автомобил. Мислев дека сè уште дише. Ми почина во раце.“
Неговите проблеми со алкохолот му предизвикаа многу проблеми, до тој степен што го уништија на секој можен начин.
„Можев да поминам месеци без да предизвикувам проблеми, а потоа пиев два дена и последиците ќе се почувствуваа. Се чувствував мизерно. Морав да одам на состанок на Анонимните алкохоличари. Дури кога отидов кај нив сфатив дека сум алкохоличар. Ја напишав книгата „Осум“ за да им помогнам на другите. Нема никаква врска со фудбалот“.
Друга интересна ситуација се случи во летото 1988 година. Гаскоњ тогаш се пресели од Њукасл во Тотенхем. Сер Алекс Фергусон сакаше да го доведе во Манчестер Јунајтед, Газа му ветил, но не го одржал ветувањето. Клучна улога одиграл тогашниот претседател на Тотенхем, Ирвинг Сколар.
„Татко ми сакаше 120.000 фунти и БМВ, сестра ми сакаше лежалка пред куќата. Сколар прифати сè и договорот беше склучен. Кога го видов Фергусон години подоцна, разговаравме и тој ми рече: „Како, по ѓаволите, се осмели да ме одбиеш. Ја направи најголемата грешка во животот“, се присети Гаскоњ.
Спорт
Казорла: Немам врска со отказот што го доби Пауновиќ

Легендарниот шпански фудбалер Санти Казорла беше принуден да ги негира написите дека влијаел врз отпуштањето на Вељко Пауновиќ.
Казорла одговори по обвинувањата на социјалните мрежи, каде што откри дека веста за отпуштањето на Пауновиќ е шокантна за него.
„Јас сум професионалец 22 години, а можете да ги прашате сите претседатели, спортски директори и тренери со кои сум соработувал. Никогаш немав никаква врска со одлуките на клубот за отпуштање на тренер“, рече Казорла на прес-конференцијата.
„Не можам да дозволам мојот имиџ да биде нарушен, бидејќи секогаш се обидував да придонесам на секој начин.“
Потоа ја искористи можноста да му се заблагодари на српскиот тренер за сè што направи за Овиедо.
„Би сакал да му се заблагодарам на Пауновиќ за неговата работа. Имаме одличен однос и вчера разговарав лично со него. Сакам да му се заблагодарам нему и на неговиот стручен штаб за сè што постигнавме. Тие засекогаш станаа дел од историјата на овој клуб“, нагласи Казорла.
Пауновиќ минатата сезона, по пауза од 24 години го врати Овиедо во елитниот ранг на шпанскиот фудбал. Доби отказ откако забележа две победи во првиоте осум рунди во новата сезона.
Фото/ Принтскрин