Спорт
Почина Леон Спинкс, човекот кој го шокираше Мухамед Али

Леон Спинкс, поранешниот олимиски боксерски шампион, кој го направи едно од најголемите изненадувања во спортот со победата над Мухамед Али во својот осми професионален меч, почина 67 годишна возраст во Лас Вегас.
Сопругата на Спинкс, Бренда Глар Спинкс ја потврди веста дека боксерот, кој се бореше со рак на простатата последните неколку години, починал во нивниот дом.
Спинкс, познат по својата преголема љубов кон алкохолот, го победи Али на поени по 15 рунди во 1978 година за да ја освои титулата во меч во кој не беше рангиран и беше избран бидејќи Али сметаше дека му треба лесен противник. Седум месеци подоцна на „Супердоум“ во Њу Орлеанс, Али се одмазди со победа на поени. Спинкс уште еднаш доби шанса за титулата во тешка категорија, кога во 1981 беше нокаутиран од Лери Холмс, а продоли со боксот до средината на 1990-тите завршувајќи ја кариерата со 26-3-17 скор.
Спинкс беше популарен кај боксерските фанови, но бргу ги потроши парите заработени од боксот поради проблемите со алкохолот, за по пензионирањето да работи како чистач во младински клуб во Небраска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гасперини: Не го бива за судија, нека најде друга работа

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, по поразот на неговиот тим од Реал (0:1), рекол дека Аталанта мора да победи во реваншот доколку сака да се пласира во четврт-финалето. Аталанта, против Реал, од 17.минута играше со фудбалер помалку на теренот.
Гасперини не го криел разочарувањето од начиниот на кој судијата Штилер го водел натпреварот.
„Го уништи натпреварот. Можеби ќе бевме поразени од Реал, но добро ќе беше да ни дозволеа да играме. УЕФА ќе ме суспендира доколку кажам нешто, но…Не можеме да имаме судии кои никогаш не играле фудбал и кои не разликуваат дуел од фаул. Ако не ја знаеш разликата, тогаш оди и работи нешто друго. Подобро им е за судии да ангажираат луѓе што играле фудбал. Добија апсолутно се олеснета им е работата, а тие грешат, дури и когаги гледаат снимките. Толку долго чекаш еден ваков натпревар, а тогаш ќе дојде некој судија и ќе го упропасти. Не се жалам на резултатот, но барем можеа да не остават да ја играме нашата игра“, рекол Гасперини.
Реваншот во Мадрид, Реал и Аталанта ќе го одиграат за 20 дена.
Спорт
Јута Џез се најдобри во НБА лигата

Јута Џез го добија дербито против ЛА Лејкерс и се зацврстија на челната позиција во НБА лигата. Тимот од Солт Лејк Сити ги деласира шампионите со 114:89.
Џезерите го решија дуелот благодарение на тимската игра и шутот за три поени. Играчите на Јута, против Лејкерси погодија 22 тројки. Од друга страна „езерџиите“, играат лошо без Ентони Дејвис, во серија се од четири порази, односно имаат само една победа на последните шест натпревари.
Џордан Кларксон и Руди Гобер постигнаа по 18 поени, францускиот центар имаа и девет скока. Уште четворица кошаркари на Јута постигнаа двоцифрен број на поени: Бојан Богдановиќ (15, тројки 5/8), Мајкл Конли (14 поени, 8 скока, 8 асистенции), Донован Мичел (13 поени, 10 скока, 8 асистенции), Дерик Фејворс (12 поени, 7 скока).
Јута со 26 победи и шест порази ја држат првата позиција во НБА лигата. Џезерите имаат 22 победи на последните 24 натпревари.
Лејкерси, лошо шутираа на овој натпревар (40 отсто), а погодија само 24,2 отсто од шутевите за три поени.
Најефикасен кај Лејкерси беше Леброн Џејмс со 29 поени.
Спорт
Холовеј постави нов светски рекорд на 60 метри со пречки

Американскиот спринтер Грент Холовеј постави нов светски рекорд на 60 метри со пречки. Холовеј во Мадрид успеа да го урне 27 години стариот рекорд на Колин Џексон.
23-годишниот атлетичар од Вирџинија делницата ја истрча за 7,29 секунди. Холовеј за три стотинки го поправи личниот рекорд, поставен неодамна на митингот во Левијан.
Грент Холовеј е светски првак на 110 метри со пречки. Титулата ја освои во 2019 година на Мундијалот во Доха.
Grant Holloway breaks world indoor 60m hurdles record in Madrid #WorldIndoorTour
Stunning hurdling from @Flaamingoo_ to clock 7.29 👏
📰: https://t.co/zCi4oRJwyr pic.twitter.com/1oM4G3DKP2
— World Athletics (@WorldAthletics) February 24, 2021
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер