Контакт

Надворешна политика

Обука за економска дипломатија од престижната ЕНА

Објавено пред

Врз основа на Договорот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Франција од 18 до 20 ноември се одржа обука за дипломати од министерството од областа на економската дипломатија. 

dobivaj vesti na viber

 

Оваа обука е четврт и последен модул обуки што се изведени од страна на експерти од француското Министерство за надворешни работи (претходните три беа од областа на е-дипломатијата, дипломатскиот протокол и превентивната дипломатија). Предавач беше висок службеник на француското Министерство за надворешни работи, Жак Меер, експерт по економска дипломатија и меѓународни економски односи.

 

Обуката ја следеа повеќе од 40 млади дипломати, како и претставници од другите ресорни министерства,  во чиј делокруг на работа се економски прашања.

 

Mинистерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорот на Франција во Македонија Лоранс Оер, врачија сертификати од престижната француска Национална школа за администрација (ENA) на сите учесници на обуката./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Венко Филипче е избран за нов лидер на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде раководството и стана нов претседател на СДСМ....

Македонија8 часа

Аврамовска-Мадиќ: 54 отсто од регистрираните членови гласале за претседател на СДСМ

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19:45 часот, излегле 12.608 или 54 проценти...

Македонија9 часа

Деспотовски искажа забелешки за одвивањето на изборите за претседател на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските...

Македонија12 часа

Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР,...

Македонија14 часа

Аврамовска-Мадиќ за изборот на претседател на СДСМ: До 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто 

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори избира нов лидер на партијата. Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател...

Македонија15 часа

Голем пожар кај Василево, се шири кон селата Сушево и Злеово

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се...

Македонија17 часа

Филипче: Мирно и со позитивен дух се одвива процесот на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ

Целокупниот процес на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ според информациите насекаде низ државата се одвива мирно, има...

Македонија17 часа

Вучиќ најави уште апсења во Србија по вчерашниот терористички напад

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има уште апсења во Србија, дека сега се проверува поврзаноста на сите...

Македонија18 часа

Левица: Животната состојба во затворите е повеќе од загрижувачка и нехумана

Во затворот Идризово се случила масовна тепачка меѓу затворениците, а повеќе лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека едно...

Македонија19 часа

За 24 часа низ државава пожарникарите гаснеа 10 пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно десет пожари на отворено и неколку помали...

Македонија22 часа

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места...

Македонија1 ден

Планинар паднал во провалија, бил извлечен со хеликоптер, но во болница лекарите констатирале смрт

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил...

Македонија2 дена

Змија касна двајца мажи од Велес, префрлени се на Инфективна клиника во Скопје

Двајца велешани биле каснати од змија додека работеле на лозје вчераутро кај селото Војница. Откако им се влошила состојбата се...

Македонија2 дена

Мајката знаела дека татко ги силува двете малолетни ќерки, ама ги убедувала дека е срамота да кажат

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на прилепско за кого постои основано сомнение...

Македонија2 дена

Славјанка Петровска ја повлекува кандидатурата за претседателка на СДСМ

Кандидатката за претседателка на СДСМ, Славјанка Петровска, ја повлекува кандидатурата на еден ден пред внатрепартиските избори. Преку официјално писмо до...

Регион2 дена

Непознато лице тешко рани припадник на жандармеријата пред израелската амбасада во Белград

Непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел тешко ранил припадник на жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува...

Топ2 дена

Осуденици на затворски казни барани со потерница вчера паднаа во рацете на полицијата

Две лица барани со потерница за издржување затворска казна се приведени од страна на полицијата во текот на вчерашниот ден...

Европа2 дена

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск, меѓу нив и деца

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот...

Македонија2 дена

МНР за почитувањето на Договорот од Преспа: Неговата имплементација е обврска и за двете страни

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република...

Топ3 дена

Ги силувал неговите ќерки: уапсен 36-годишен маж од Прилепско

Вчера во 17.15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село. Полицијата постапила...