Црна хроника
Демолирано училиштето каде што се наоѓа хуманитарниот пункт во Сингелиќ
Непознати сторители во понеделникот го ограбиле и демолирале хуманитарниот пункт во Основното училиште „25-ти Мај“ во Сингелиќ.
Украдени биле два рутера од Телком, а оштетени се еден фотокопир, неколку радијатори, еден проектор, еден телевизор и скршено e едно стакло од прозорите.Во поплавеното подрачје во четвртокот била регистрирана уште една кражба, односно украден бил акумулатор од возило исто така во село Синѓелиќ.Инаку, на подрачјето на СВР Скопје евидентирани се 44 пријави од граѓани кои пријавиле поплавени домови, возила, ниви и друг имот, како и штети предизвикани од невремето.Во текот на вчерашниот ден полициски службеници продолжија со преземање на мерки и активности за физичко и сообраќајно обезбедување на Скопскиот регион, општина Гази Баба со селата Сингелиќ, Стајковци, Црешево, Смилковци и Арачиново. Извршени се пренасочувања на сообраќајот и обезбедувања на конвои, клучка Стајковци возилата се пренасочуваат кон клучка Арачиново, влез од наплатна рампа Глумово обезбедување на пет товарни возила со хуманитарна помош од Црна Гора, пренасочување на сообраќајот од последна „65-ка“ во селото Стајковци кон последна „45-ка“ во населба Ченто./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари
МВР информира дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле 32 годишниот Б.М. од Штип.
При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага.
„Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување“, соопштија од полицијата.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.