Црна хроника
Жител на Стајковци удрил војник со возило оти не го пуштал да помине
Жител на Стајковци со ретровизор на возило удрил војник кој бил вклучен во санирање на штетите од поплавите кои го погодија овој дел од скопскиот регион.
Инцидентот бил пријавен во понеделникот наутро околу 8.30 часот, а се случил на клучката Стајковци. Жителот на селото кое беше погодено во поплавите, со автомобил „ауди“ удрил во војникот, кој бил член на патролата на АРМ поставена кај клучката Стајковци. Војникот му укажал на возачот дека не смее да продолжи со движење во правецот кој бил затворен поради работа на патот со механизација. Возачот не го послушал, го стартувал возилото и продолжил, при што го удрил војникот со левиот ретровизор и избегал. За кратко време, од страна на патрола од МВР – ЕБР, возачот бил запрен и задржан. На војникот му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“, по што, по констатирана телесна повреда, бил пуштен на домашно лекување. Од страна на полицијата бил извршен увид на местото на настанот. /крај.мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.