Европа
(Видео) Најстарата жителка на Европа оздраве од Ковид-19 ден пред нејзиниот 117. роденден

Најстарата жителка на Европа, калуѓерка од Франција, оздраве од Ковид-19 ден пред нејзиниот 117. роденден.
Луси Рендон, која се замонашила во 1944 година и добила име сестра Андре, имала позитивен тест за коронавирус на 16 јануари, но немала никакви симптоми.
Таа за локалните медиуми изјави дека не ни сфатила дека е заразена. Се изолирала од другите жители на еден дом за пензионери во Тулон, град на југот на Франција, и целосно оздравела.
Сестра Андре, која е слепа и користи инвалидска количка, со нетрпение очекува да го прослави својот роденден в четврток – иако ќе го одбележи со помала група жители на домот од вообичаеното.
„Имаше многу среќа“, рече Дејвид Тавела, портпарол на домот за пензионери.
Тој за весникот „Вар Матин“ изјави: „Таа не ме праша за сопственото здравје, туку за навиките. На пример, таа сакаше да знае дали ќе се промени распоредот на оброците или спиењето. Таа не се плашеше од болест. Од друга страна, беше многу загрижена за другите жители на домот”.
Сестра Андре е родена на 11 февруари 1904 година. Покрај тоа што е најстара личност во Европа, тој е втора најстара личност во светот, според списокот на суперстогодишници.
На прашањето на француската телевизија БФМ дали е исплашена поради ковидот, таа одговори: „Не, не бев исплашена, бидејќи не се плашам да умрам. Среќна сум што сум со вас, но сакам да бидам и на некое друго место – да им се придружам на моите брат, баба и дедо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.