Европа
Во Словенија потврден само британскиот вид на коронавирус, епидемијата стивнува

Експертите во Словенија потврдија дека досега во оваа земја од сите мутации на коронавирусот само британскиот вид има ограничено присуство, додека присуство на други варијанти не е потврдено.
„Дека епидемијата во Словенија се намалува, сведочат резултатите од мониторингот за присуство на вируси во отпадните води затоа што беше откриено дека бројот на вируси е зголемен во јануари, додека се намалува во февруари“, изјави Маја Равникар од Националниот институт за биологија.
„Што се однесува до новите видови на коронавирус, од анализата на 877 примероци од отпадните води е заклучено дека британскиот вирус е минимално присутен во Словенија, и тоа со околу еден процент“, рече Равникар.
Со секвенционирање на вирусот од брисеви на пациенти, досега се потврдени само четири случаи на британскиот вид на коронавирус, кој според надлежните, се шири побрзо и е позаразен од основниот тип.
Надлежните во Словенија посочуваат дека земјата се уште е во зона кога не е сигурно дополнителното олабавување на мерките, но Владата ќе соопшти нешто поконкретно вечерва по најавената средба со епидемиолозите.
Според епидемиологот Нушка Чаки Јагер од Националниот институт за јавно здравје, сите трендови поврзани со епидемијата се позитивни, а бројот на потврдени нови инфекции во земјата падна за 10,9 проценти за две недели.
„Во последните денови речиси немаше случаи на нови инфекции во словенечките домови за стари лица, а бројот на активни случаи на инфекции во земјата постојано се намалува, иако сè уште има многу вируси меѓу работната популација. И има сè помалку смртни случаи“, велат епидемиолозите.
„Од денес, во болниците има само 840 пациенти, што е големо намалување во споредба со претходните денови, од кои 160 се во одделите за интензивна нега каде што бројот на пациенти не е значително намален“, рече Чаки Јагер.
Според него, има и голем пад на бројот на активно заразени, така што во моментов има 14.008 заразени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин