Спорт
ЛШ: Мешков го смачка Кјељце, Разгор со најубавиот гол во 2021

Мешков Брест ги продолжи одличните настапи во Лигата на шампионите триумфирајќи лесно со 35:30 над Кјељце во соседската белоруско-полска битка за да се зацврсти на третото место на табелата во групата А, веднаш зад ривалите и Флензбург.
Кјељце поведе на почетокот на мечот, но Мешков направи пресврт и имаше +5 во првото полувреме, предност што порасна и на +10 во второто полувреме за конечни 35:30. Поранешниот вардарец Сташ Скубе беше најефикасен за Кјељце со седум гола, но најатрактивниот го постигна Словенецот Симон Разгор.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
ГРУПА А
Мешков Брест – Кјељце 35:30 (15:11)
Пик Сегед – Порто 35:31 (18:12)
Табела: 1. Кјељце 15, 2. Флензбург 15, 3. Мешков Б. 11, 4. ПСЖ 8, 5. Порто 8, 6. Сегед 6, 7. Елверум 4, 8. Вардар 3
WATCH: It’s showtime in #Brest as Simon Razgor scores in his own special way.@meshkovbrest vs @kielcehandball #morehandball #ehfcl #moregoals #showtimeforchampions pic.twitter.com/kOr2Qnc2sw
— EHF Champions League (@ehfcl) February 11, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Се за пари – Виљареал и Барселона ќе играат во Мајами

Натпреварот од 17-то коло од шпанската Ла Лига помеѓу Виљареал и Барселона треба да се игра на 20 декември во Мајами, беше објавено на официјалната веб-страница на натпреварувањето.
„Одборот на директори на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) денес го одобри барањето на Виљареал и Барселона натпреварот од 17-то коло од Ла Лига да се игра во Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението.
Формален домаќин на овој дуел ќе биде Виљареал. „Марка“, известува дека по ова одобрување, RFEF ќе поднесе барање до Европската фудбалска унија (УЕФА) за започнување на процесот на одобрување од страна на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) натпреварот помеѓу Виљареал и Барселона да се игра на 20 декември оваа година на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, во согласност со меѓународните прописи на ФИФА и имплементациските прописи одобрени од RFEF.
Истиот извор понатаму наведува дека ова ќе биде прв пат во историјата натпревар од Ла Лига да се игра надвор од Шпанија.
Финансиските детали за проектот не се објавени, но се претпоставува дека станува збор за поголема сума за Ла Лига и клубовите.
Новата сезона во Примера започнува веќе следниот викенд, на 15 август.
Спорт
Роналдо ќе се жени

Кристијано Роналдо наскоро ќе застане пред олтарот, објавуваат сите влијателни медиуми во Шпанија и Португалија.
По толку години „бегање“ од брак, суперѕвездата конечно ќе се ожени со својата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез.
Токму таа се пофали со големиот прстен што го добила од него на социјалните мрежи и така информацијата стигна до јавноста.
Џорџина, која е по потекло од Аргентина, го запознала Роналдо додека работела во бутикот „Гучи“ во Мадрид, кога фудбалерот го носеше дресот на Реал Мадрид.
Од 2016 година, двојката е неразделна, а во меѓувреме добија две деца.
Фото/ Принтскрин
Спорт
ПСЖ го отстрани Донарума од екипата

Иднината на Џанлуиџи Донарума во Пари Сен Жермен е под голем знак прашалник.
Италијанскиот голман не е вклучен во составот на „Светците“ за натпреварот во среда против Тотенхем во Европскиот Суперкуп.
Донарума имаше една од клучните улоги во освојувањето на Лигата на шампионите, но Луис Енрике и клупските челници решија да го отстранат откако тој одби да го продолжи договорот. Договорот на Донарума со ПСЖ истекува наредното лето.
За 40 милиони евра, ПСЖ го донесе Лукас Шевалие од Лил, кој ќе биде прв избор, а тука се и Матвеј Сафонов и Арно Тенас.
Менаџерот на Донарума, Енцо Раиола е во контакт со гиганти како Манчестер јунајтед, Челзи и Интер, кои внимателно ја следат ситуацијата.
Минатата сезона, Донарума прими 43 гола на 47 натпревари, а во 17 од нив не прими гол.