Регион
Во атентат на свадба во Турција 8 загинати и 60 ранети

Осум лица се убиени а 60 се ранети во саботата навечер во напад со бомба на свадбена прослава во Газиантеп на југоистокот од Турција, во близина на границата со Сирија, објавија покраинските власти.
„Во ужасниот терористички напад им многу мртви“, изјавил гувернерот на покраината Али Јерликаја пренесува агенцијата Anadolu прецизирајќи дека нападот се случил во близина на Акдере во близината на округот Шахинбеј.
Безбедносни извори го потврдиле бројот на жртвите за агенциите Reuters и AFP.
Медиумите јавуваат дека на местото на нападот се упатени многубројни амбулантни возила. Нема информации за состојбата на повредените. Турските власти упатија апел за донирање крв.
Претставникот на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP), Шамил Тајар изјавил дека според прелиминарните сознанија осомничена за овој напад е ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.