Спорт
Дебакл на Тим – Димитров експресно до четврт-финалето
Актуелниот вице-првак на Австралија опен, Доминик Тим, годинешниот настап на овој Гренд слем го заврши во осмина-финалето. Тим доживеа тежок пораз од Бугаринот Григор Димитров, во три сета (6/4, 6/4, 6/0). Дуелот Димотров-Тим траеше два часа.
Тим, еден од фаворитите за титулата, го одигра веројатно својот најлош меч на Гренд слем турнирите, се чини дека го плати данокот за драматичната победа, во пет сета, над Ник Кирјос во претходната рунда.
Тим забележа 41 неизнудена грешка, имаше 25 директни поени, додека Димитров имаше 18 грешки и 25 винери.
Бугаринот за пласманот во своето второ полу-финале во Мелбурн, ќе се бори против најголемата сензација во досегашниот тек од турнирот, Аслан Карацев.
Рускиот тенисер во пет сета, по голам борба, го победи младиот Канаѓанец, Феликс Оже-Алијасим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јамајка не успеа да го победи Курасао, па остана без селектор
Фудбалската репрезентација на Јамајка, пласман на Мундијалот ќе се обиде да избори преку интерконтинеталниот бараж. Во последното коло, Јамајка на домашен терен против Курасао не успеа да ја обезбеди победа и пласман на СП. Натпреварот во Кингстон заврши без голови и му овозможи на Курасао да се пласира на Мундијалот наредното лето.
И покрај тоа што Јамајка се уште има шанси да се квалификува за Светското првенство преку Интерконтиненталниот бараж, селекторот реши да поднесе оставка.
Веднаш по натпреварот против Курасао, Стив Мекларен поднесе оставка од функцијата.
„Подобро да си одам“, го започна своето обраќање Мекларен и продолжи:
„Во текот на изминатите 18 месеци се посветив на оваа работа. Водењето на овој тим беше една од најголемите почести во мојата кариера.“
Потоа зборуваше за оставката.
„По длабоко размислување и искрена проценка каде сме и каде треба да одиме, решив да се повлечам од функцијата главен тренер на репрезентација на Јамајка“, рече искусниот тренер и додаде:
„Понекогаш најдоброто нешто што еден лидер може да го направи е да препознае кога е потребен свеж глас, нова енергија и поинаква перспектива за да се движи овој тим напред“.
Што се однесува до Интерконтиненталниот бараж, познати се шесте репрезентации, кои ќе се борат за двете последни места на СП.
Од Азија е Ирак, од Африка ДР Конго, од Океанија Нова Каледонија, од Јужна Америка Боливија, а од Северна и Централна Америка Јамајка и Суринам.
Спорт
(Видео) Џака со жестоки свирежи пречекан Приштина
Фудбалската репрезентација на Швајцарија, во Приштина го потврди пласманот на Светското првенство, во натпревар кој што поскоро ќе сака да го заборави капитенот на тимот, Гранит Џака.
Натпреварот од последното квалификациско коло меѓу Косово и Швајцарија заврши со резултат 1:1, што беше доволно за Швајцарците директно да се квалификуваат на Светското првенство.
Пред почетокот на натпреварот, Гранит Џака доби громогласни свирежи од стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.
По натпреварот, Џака влезе во конфликт со таканаречениот водач на навивачите на косовската репрезентација, Лулзим Бериша, за на крајот фудбалерот на Сандерленд да каже колку му бил тежок овој гест на навивачите.
„Овие свирежи болат. Тоа е последното нешто што го очекував, особено тука дома. Но, морам да го прифатам тоа. Вакви работи се случуваат во спортот, барем имам поддршка од навивачите на Швајцарија“, рече Гранит Џака.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Познати се барабаните за ждрепката за Светското првенство
Познати се 42 учесници на претстојното Светско првенство. Останатите шест репрезентации ќе ги дознаеме на 31. март, кога ќе се одиграат финалните натпревари во европскиот и интерконтиненталниот бараж.
Баражите нема да сменат ништо кога се во прашање шеширите за извлекувањето на групите на Светското првенство.
Победниците од плејофот ќе бидат во четвртиот шешир, додека трите најсилни се веќе комплетирани.
Шешир 1:
САД
Мексико
Канада
Шпанија
Аргентина
Франција
Англија
Португалија
Бразил
Холандија
Белгија
Германија
Шешир 2:
Хрватска
Мароко
Колумбија
Уругвај
Швајцарија
Јапонија
Сенегал
Иран
Јужна Кореја
Еквадор
Австрија
Австралија
Шешир 3:
Панама
Норвешка
Египет
Алжир
Шкотска
Парагвај
Брегот на Слоновата Коска
Тунис
Узбекистан
Катар
Саудиска Арабија
Јужна Африка
Шешир 4:
Јордан
Зеленортски острови
Гана
Курасао
Хаити
Нов Зеланд
Победник во европскиот плејоф 1
Победник во европскиот плејоф 2
Победник во европскиот плејоф 3
Победник во европскиот плејоф 4
Победник во интерконтиненталниот бараж 1
Победник во интерконтиненталниот бараж 2
Ждрепката за групите на Светското првенство во САД, Мексико и Канада ќе се одржи на 5.декември, во Центарот Кенеди во Вашингтон.

