Македонија
Тринаесет починати и 180 новозаболени од Ковид-19 во земјава
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.814 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 78, Прилеп – 18, Кавадарци – 15, Тетово – 12, Охрид и Струмица – по 10, Куманово, Велес и Струга – по 6, Дојран – 3, Гостивар, Гевгелија и Неготино – по 2, Штип, Битола, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Виница, Валандово и Крушево – по 1.
Регистрирани се 206 оздравени пациенти од: Скопје – 146, Куманово – 14, Тетово – 8, Велес – 7, Гостивар – 5, Кичево – 4, Струмица, Штип и Битола – по 3, Виница, Кочани, Кратово и Демир Капија – по 2, Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка, Валандово и Радовиш – по 1.
Пријавени се вкупно 13 починати лица. Шест пријавени смртни случаи се починати во тек на месец декември.
Починати се 6 пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), три од Гостивар (81г, 63г и 59г), два од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г). Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица.
Направени се 1.814 тест преку: ИЈЗ-390, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-218, Биотек-228, Жан Митрев (Филип Втори)-129, Систина-203, лабораторија Лаор–250, МАНУ-71, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-60, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, ГАК-0, Синлаб-28, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 187, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 486.961 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 42389, активни 2893
Куманово 5363, активни 236
Тетово 5271, активни 225
Прилеп 4833, активни 312
Гостивар 3703, активни 121
Штип 3565, активни 79
Битола 3317, активни 134
Велес 3288, активни 244
Охрид 3041, активни 398
Кавадарци 2947, активни 431
Струмица 2624, активни 155
Струга 2319, активни 172
Кочани 1771, активни 51
Кичево 1748, активни 71
Свети Николе 1099, активни 27
Гевгелија 1074, активни 103
Неготино 1041, активни 88
Дебар 777, активни 45
Ресен 777, активни 67
Крива Паланка 759, активни 43
Радовиш 739, активни 47
Делчево 698, активни 211
Берово 624, активни 37
Пробиштип 521, активни 20
Виница 504, активни 23
Валандово 338, активни 14
Демир Хисар 256, активни 11
Македонски Брод 250, активни 11
Кратово 252, активни 26
Богданци 233, активни 11
Крушево 234, активни 43
Демир Капија 227, активни 40
Македонска Каменица 192, активни 4
Пехчево 183, активни 4
Дојран 95, активни 14
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа
Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа, со што се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„По даденото ветување за време на изборниот период, денес започнуваат градежните активности за поставување на нова водоводна мрежа во должина од повеќе од 600 метри, во соработка со Општина Бутел и ЈП „Водовод и канализација“, со што ќе се обезбеди сигурно, квалитетно и континуирано снабдување со вода за пиење за домаќинствата во Бел Камен“, вели Ѓорѓиевски.
Според него, овој зафат значи сигурно, квалитетно и континуирано водоснабдување за домаќинствата во Бел Камен, чиста вода за пиење во секој дом.
Ѓорѓиевски најави дека по поставувањето на новата водоводна мрежа, ќе следува и реконструкција на улиците.
Македонија
Цената на дизелот се намалува
Цената на дизелот се намалува за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ)
Од 20.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 денари за литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.12.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, соопшти РКЕ.
Македонија
За побрз пристап до услугите, промовирани е-киоск и е-сандаче; Андоновски вели дека дигиталната трансформација мора да биде достапна за сите
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се обрати на конференцијата за промоција на националната ИКТ-стратегија СМАРТ/МК 2030 нагласувајќи дека дигиталната трансформација се реализира преку конкретни, мерливи решенија, што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.
„Дигиталната трансформација мора да биде достапна за сите, без разлика на дигиталните вештини или пристапот до лична опрема“, истакна Андоновски.
Денеска беа промовирани терминалите за услуги (е-киоск) како практично решение за дигитална инклузија и побрз пристап до услуги. Планот е терминалите да бидат поставени на фреквентни локации во државата и да бидат достапни 24/7, со јасно воден процес и визуелни инструкции, приспособени и за граѓани со пониско ниво на дигитални вештини.
Преку е-киоск граѓаните ќе може да се идентификуваат со лична карта или пасош, да изберат услуга, да извршат плаќање и да го добијат документот веднаш – испечатен на самиот терминал. Терминалите се особено значајни за руралните средини, повозрасните лица, граѓаните без постојан интернет-пристап и за општините со ограничени административни капацитети.
Министерот истакна дека е-сандачето претставува официјален, безбеден и правно валиден канал за комуникација меѓу институциите и граѓаните – централизирано место за прием на службени документи, решенија, известувања и други акти со доказ за прием.
„Важно е да се нагласи: е-сандачето не е обична електронска пошта“, потенцира министерот Андоновски.
Системот овозможува нотификации во реално време, побрза достава без чекање, следење статуси на предмети и поефикасна административна комуникација.
Во завршниот дел министерот нагласи дека со досегашната дигитализација на услуги, документ – менаџмент-систем во голем број институции, интероперабилност, како и со е-сандачето и терминалите за услуги државата води конкретна и мерлива имплементација на дигиталната трансформација, со цел ефикасна, достапна и европска дигитална држава.

