Спорт
Трае магијата на Карацев, избори полуфинале на АО
Аслан Карацев ја продолжи својата неверојатна серија на Австралија опен. Тенисерот, кој првиот gренд слем во сезоната го почна во квалификациите, стигна до полуфиналето.
Карацев, 114. на АТП-листата, во четврт-финалето го победи Бугаринот Григор Димитров со 3:1 (2/6, 6/4, 6/1, 6/2).
Рускиот тенисер одигра неверојатен меч, успеа да се врати во игра иако првиот сет го загуби за 34 минути. Сепак, Карацев успеа да израмни на 1:1, а клучен беше брејкот што го направи во деветтиот гем. Во овој период од мечот Димитров почнa да се жали на болки во грбот.
Карацев сето тоа го искористи, убедливо го доби третиот сет, а на ист начин го реши и четвртиот.
Карацев во полуфиналето ќе игра против пбедникот од дуелот помеѓу Александар Зверев и Новак Ѓоковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јунајтед понудиле 90 милиони евра за Диоманде
Манчестер Јунајтед, наводно доставил официјална понуда од 90 милиони евра за крилниот напаѓач на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, во обид да го засили тимот за време на јануарскиот преоден рок.
Овој потег дојде откако градските ривали Манчестер Сити беа побрзи и успеаја да го донесат Антоан Семењо од Борнмут.
Клубот од „Олд Трафорд“ доживува турбулентна сезона. И покрај тоа што потроши повеќе од 230 милиони евра за играчи ова лето за да го поддржи тогашниот тренер Рубен Аморим, Португалецот беше отпуштен минатиот понеделник. Тимот продолжи со променливи резултати и постигна само осум победи во 20 натпревари од првенството.
Фабрицио Романо потврди минатата недела дека Диоманде е на листата на желби на Манчестер Јунајтед, но нагласи дека Лајпциг не сака да го пушти среде сезоната. Тој додаде дека Јунајтед не е единствениот заинтересиран клуб, туку дека и ПСЖ го сака. Се споменува и интересот на Ливерпул.
Крилниот напаѓач, член на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, постигна седум гола и асистираше за четири од нив во 16 натпревари за својот тим оваа сезона.
Тој има договор до летото 2030 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 45 милиони евра.
Спорт
Де Брујне би можел да го напушти Наполи
Иако пристигна во Наполи во јуни минатата година, белгискиот играч од средниот ред Кевин Де Брујне (34) би можел да го напушти Неапол, до крајот на актуелниот преоден рок.
Според италијанските медиуми, Саудијците веќе некое време го „ловат“ Белгиецот, а се шпекулира дека Наполи е подготвен да ги разгледа сите потенцијални понуди од Саудиската професионална лига.
Де Брујне беше опериран во октомври и не се очекува да се врати на теренот до март 2026 година.
Негов приоритет е целосно да се опорави на време за Светското првенство, кое се одржува во САД, Мексико и Канада ова лето, и би одговарало на малку послабо темпо од Серија А.
Поранешната ѕвезда на Манчестер Сити се пресели во Наполи во слободен трансфер минатото лето. Тој постигна четири гола и запиша две асистенции на 11 натпревари во сите натпреварувања пред да заработи сериозна повреда на бутниот мускул октомври.
За време на својата кариера играше и за Генк, Челзи, Вердер и Волфсбург. Тој одигра 115 натпревари за Белгија и постигна 36 гола.
За потсетување, Белгија ќе игра во групата Г на Светското првенство заедно со репрезентациите на Египет, Иран и Нов Зеланд.
Foto/ depositphotos
Спорт
Гвардиола: Не можеш да зборуваш за титулата ако не победуваш
Нов неуспех, овој пат дома против Брајтон, значително го оддалечи Манчестер Сити од борбата за титулата.
„Граѓаните“ одиграа нерешено во третиот натпревар по ред и доколку Арсенал вечерва победи ќе се оддалечи на осум бода од Сити.
„Ако не победувате, не можете да зборувате за титулата. Имавме одличен резултат против Нотингем Форест, а потоа одигравме три многу добри натпревари. Освен недостатокот на голови, не можам да ги обвинам момците за ништо“, рече Гвардиола.
Но, токму овој недостаток на голови, особено промашувањата на Ерлинг Халанд ги загрижува навивачите.
„Тие имаа моментум, играа многу добро. Но, во последните 15-20 минути имавме неверојатни шанси. Важно е како се справувате со тие шанси, а ние не го направивме тоа добро“.
Foto/ depositphotos

