Спорт
Осака лесно преку Хсије до полуфиналето на АО

Наоми Осака лесно избори пласман во полуфиналето на Австралија опен. Јапонката за 68 минути ја победи Су Веј Хсије од Tајван со 6/2, 6/2.
Осака во првиот сет против 35-годишната Хсије направи два брејка, во четвртиот и шестиот гем. Вториот сет го отвори со брејк и водство од 3:0, а мечот го заврши во осмиот гем кога ја искористи третата меч топка.
Осака втор пат во кариерата избори пласман во полуфиналето на овој турнир. Во 2019 година, кога стигна до оваа фаза, таа и ја освои титулата.
За пласман во финалето, Јапонката ќе се бори против Серена Вилијамс или Симона Халеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Надал: Немам намера да одам во пензија

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал не ја почна најдобро 2021 година. Повредата на грбот го спречи да настапи на АТП купот, а поради тоа не успее ниту да влезе во самата завршница на Австралија опен.
Се лиферуваа најразлични информации за наводна мистериозна болест на коските на Шпанецот, па во меѓувреме тој ги откажа своите настапи во Ротердам, односно Акапулко.
Одлучи во изјава за бразилските медиуми да ги сопре шпекулациите за наводното негово пензионирање.
„Немам намера да одам во пензија. Додека сум здрав и способен да се натпреварувам, ќе продолжам да уживам во тенисот и тоа 100%. Така јас го гледам спортот. Најважната работа е да бидеш запамтен како добра личност, на крајот, тоа е најважно. Титули, моменти за сеќавање. Но, личноста која сте и која ќе остане во сеќавање – тоа е најважното“ – рече Надал.
Многумина сметаат дека е далеку од неговото некогашно ниво на тенис и дека тој веќе не е конкурентен за грен слем титулите.
Моментно Надал има 20 титули, исто како и Роџер Федерер, додека Новак Ѓоковиќ со последната во Мелбурн собра 18.
Надал пред бразилските медиуми зборуваше и за тоа како светската слава влијае врз него.
„Славата не влијае на моето однесување. Вистина е дека сум резервирана и повлечена личност, се навикнав на живот на Маројка, каде можам да сум обичен човек, само човек со семејство и пријатели. Свесен сум за предностите и недостатоците на славата, но се трудам да живеам нормален живот“ порача Шпанецот.
Спорт
Тодибо: Не ми е гајле што се случува во Барселона

Фудбалскиот дефанзивец Жан Клер-Тодибо пред две години дојде во редовите на Барселона како еден од најталентирните светски стопери. Барса го намами со само 20 години во моментите кога за него интерес пројавуваа неколку големи европски фудбалски клубови.
Во каталонскиот клуб не успеа да се наметне, па почна со позајмиците. Најпрво во Шалке, па во Бенфика, а потоа во Ница каде е стандарден првотимец.
Французинот одлично се вклопи во тимот од Азурниот Брег и со неговите последни изјави стави до знаење дека нема намера да се враќа во Барса.
„Воопшто не ме интересира што се случува во Барселона. Повремено ќе погледам некој меч ако играат моите француски пријатели Дембеле, Ленгле и Умтити, но Барса како клуб не го следам. Моментно сум играч на Ница и потполно сум фокусиран на случувањата во Франција. Зошто би сонувал за одбраната на Барселона кога викендов играм против Рен или Ним“ – изјави Тодибо на последната прес-конференција на својот клуб.
Новинарите го прашаа што мисли – дали Барса може да се врати по оние 4-1 на ПСЖ на „Ноу Камп“ по првиот меч во ЛШ?
„Искрено, ич не ми е гајле. Можеби да, можеби не, тоа не е мој проблем. Тоа е мојот став“ – смета дефанзивецот.
Спорт
Кошаркарите скокнаа на ФИБА листата

Македонската кошаркарска репрезентација, и покрај неуспешниот обид да избори пласман на Европското првенство, напредуваше за една позиција на најновата листа на ФИБА.
Македонија се наоѓа на 52.место на ФИБА листата, а кога ќе се погледне само пласманот на европските репрезентации, македонската репрезентација се наоѓа на 29.место. На листата, гледајќи ги само европските селекции, зад Македонија има уште 16 репрезентации.
Први на листата се САД, пред Шпанија, Австралија, Аргентина и Србија. Во Топ 10 уште се и Грција, Франција, Литванија, Русија и Италија. Актуелниот европски првак Словенија е на 16.место.
Фото/kfsm.mk
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер