Македонија
Нови 358 заболени од Ковид-19, петмина починати
																								
												
												
											Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2275 тестирања, а регистрирани се 358 нов случаj на Kовид-19 во: Скопје – 173, Прилеп – 41, Куманово – 22, Кавадарци – 21, Тетово – 13, Велес – 11, Битола и Крива Паланка – по 9, Охрид – 8, Неготино – 7, Крушево – 6, Штип – 5, Струмица и Гевгелија – по 4, Струга, Делчево и Валандово – по 3, Гостивар, Кичево, Ресен, Радовиш и Пробиштип – по 2, Кочани, Свети Николе, Дебар, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 341 оздравени пациенти од: Скопје – 186, Кавадарци – 24, Куманово – 18, Тетово – 16, Прилеп – 14, Струмица – 11, Битола и Гевгелија – по 9, Гостивар, Велес, Дебар и Ресен – по 7, Кичево, Берово и Демир Капија – по 5, Радовиш – 3, Штип, Охрид, Кочани, Свети Николе, Неготино, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица.
Починати се 3 пациенти од Скопје (91г, 80г и 58г), по 1 пациент од Кавадарци (73г) и Прилеп (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 2275 тест преку: ИЈЗ-405, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-214, Биотек-213, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Систина-196, лабораторија Лаор–130, МАНУ-6, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-40, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-59, Ремедика-28, лабораторија болница Козле-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 768, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ „8 Септември“-5, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 489.991 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, бројката на оздравени пациенти е 88.301, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 42589, активни 2767
Куманово 5386, активни 237
Тетово 5283, активни 213
Прилеп 4883, активни 332
Гостивар 3705, активни 113
Штип 3571, активни 79
Битола 3326, активни 124
Велес 3300, активни 235
Охрид 3048, активни 367
Кавадарци 2974, активни 415
Струмица 2630, активни 146
Струга 2324, активни 162
Кочани 1773, активни 48
Кичево 1751, активни 66
Свети Николе 1100, активни 25
Гевгелија 1078, активни 96
Неготино 1048, активни 88
Дебар 778, активни 35
Ресен 779, активни 62
Крива Паланка 766, активни 43
Радовиш 741, активни 45
Делчево 702, активни 215
Берово 624, активни 30
Пробиштип 523, активни 19
Виница 504, активни 22
Валандово 341, активни 14
Демир Хисар 256, активни 11
Кратово 252, активни 25
Македонски Брод 251, активни 10
Крушево 240, активни 44
Богданци 233, активни 10
Демир Капија 227, активни 34
Македонска Каменица 192, активни 4
Пехчево 183, активни 3
Дојран 95, активни 13
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Љутков ќе се обрати на 43 сесија на Генералната конференција на УНЕСКО
														Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ја предводи македонската делегација на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО што од 30 октомври до 13 ноември се одржува во Самарканд, Република Узбекистан.
Љутков утре (5 ноември) во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд ќе се обрати на дебатата посветена на генералните политики на Организацијата, на која учествуваат министри и претставници од земјите членки на УНЕСКО.
На Генералната конференција учествуваат претставници од над 200 земји и меѓународни организации. За време на двонеделното заседание ќе бидат усвоени значајни документи што ги одредуваат буџетот и програмата за работа на УНЕСКО за следниот период, а државите членки ќе изберат и членови на извршниот одбор. Се очекува во текот на Конференцијата да биде именуван и нов директор на Организацијата.
Одржувањето на Конференцијата во Самарканд е од особено значење бидејќи за првпат по повеќе од четири децении Генералната конференција на УНЕСКО се одржува надвор од седиштето на Организацијата во Париз.
Учеството на овој меѓународен собир, во кој Република Македонија е полноправна членка од 28 јуни 1993 година, ја потврдува континуираната посветеност на земјава кон целите и вредностите на УНЕСКО, а претставува и можност за унапредување на видливоста на македонската култура на глобално ниво.
Македонија
Утре без вода дел од скопски Центар
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради дефект во шахта од ф – ¾ на ул. Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција. ( општина Центар )
Македонија
Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу
														Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе го имавме резултатот што сега го имаме на локалните избори. Вака актуелниот министер за здравство од коалицијата „Вреди“ гледа на изборните резултати, а на прашањето дали ќе остане министер одговара дека секој ден работи како да не му е грижа на која позиција ќе биде утре оти верува во својата експертиза.
„Резултатите се видливи, но, за жал, видливи се по десет години. Граѓаните во нашата држава и пред десет години сакаа да има промена во политичкиот амбиент во државата. За жал, беа искористени сите можни политички притисоци и администрација од страна на ДУИ за да може да опстои десет години, без желба на граѓаните. Тие првпат се соочија со локални избори од позиција на опозиција и ги немаа тие можности да се злоупотреби овој политички момент. Реалноста, ова фактички што го гледаме денеска, сите општини во државата се менаџираат од стручњаци од ‘Вреди“, верувам дека би била не денеска, ако се вратиме десет години и ако ДУИ била во опозиција тогаш, истиот резултат ќе го имавме и тогаш. За жал, тоа е тоа, по десет години, имаме нов амбиент во државата“, рече министерот Алиу денес при посетата на Клиниката за кардиологија.
Како владин коалиционер, министерот Алиу уверува дека фокусот на „Вреди“ е постигнување добри резултати оти бргу се доаѓа до процеси во кои граѓаните, ако не ги почувствуваат промените, ќе се почувствуваат разочарано.
„Тогаш разочараноста ќе биде многу поголема. Ние како политичари ќе имаме голема одговорност ако навистина по ваков добар резултат, по вакви избори, граѓаните не почувствуваат дека ние знаеме поинаку да менаџираме со политичките процеси и на локално ниво. На централно ниво тоа веќе го докажавме за една и пол година. Верувам дека и на локално ниво за една и пол година ќе се почувствуваат тие инфраструктурни подобрувања“, рече министерот Алиу.
Алиу стана министер за здравство пред половина година откога поранешниот министер за здравство Арбен Таравари ја напушти коалицијата „Вреди“ по низа несогласувања за настапот на локалните избори.

