Свет
Нова епидемија во Африка: СЗО предупеди шест држави
Светската здравствена организација денеска предупреди шест африкански земји на можна појава на ебола откако таа тешка болест се појави во Гвинеја и Конго.
Гвинеја во неделата пријави појава на ебола, првпат по завршувањето на трогодишната епидемија од 2016 година, а денеска веќе регистрирала дест случаи, додека во Конго болеста е регистрирана пред 10 десет дена.
„Веќе предупедивме шест околни земји, вклучително и Сиера Леоне и Либерија и тие брзо се подготвија и бараат потенцијални инфекции“, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис.
Таа не наведе кои се останатите земји кои се потенцијално загрозени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран ги предупреди земјите во регионот дека ќе ги нападнат американските бази ако Трамп нападне
Иран ги предупреди соседните земји дека ќе нападне американски воени бази во регионот како одмазда за евентуален напад од страна на Вашингтон, објави „Ројтерс“.
Според „Ројтерс“, висок ирански функционер изјавил:
„Техеран им кажал на регионалните земји, од Саудиска Арабија и ОАЕ до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран… и побарал од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“.
„Ќе преземеме многу силни мерки. Ако направат нешто такво, ќе преземеме многу силни мерки“, му рече Трамп на водителот на CBS Evening News, Тони Докупил, во ексклузивно интервју за мрежата, снимено во Дирборн, Мичиген, кое ќе се емитува во вторник.
фото/Depositphotos
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.

