Црна хроника
Колумбијка си ги продавала 12-те малолетни ќерки за секс

Колумбиската полиција уапсила во средата 45-годишна жена којашто е обвинета дека ги продавала своите 12 малолетни ќерки за секс, пренесуваат локалните медиуми.
Според властите, веднаш штом некоја од ќерките ќе наполнела 12 години, Колумбијката се поврзувала со финансиски добростоечки мажи и им нудела сексуални услуги од девојчињата. За секоја девојка таа барала 400 илјади пезоси, околу 200 американски долари.
Овој „бизнис“ на жената бил откриен откако го пријавила една од жртвите. Заедно со мајката уапсен е и 51-годишниот татко на девојките, кој исто така бил вмешан во ова злосторство.
Претставници на колумбиската полиција ги повика девојчињата кои страдале од однесувањето на мајката, да дадат изјави. Засеа обвиненијата се засноваат само на една, на најмладата до жртвите, чијашто возраст, како ниту на другите девојки, полицијата не ги открива./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
За осум часа казнети 76 возачи во Скопје, 20 од нив возеле мотоцикли

Синоќа од страна во периодот од 17.00 до 01.00 часот полицијата во Скопје повторно спроведе засилена сообраќајна контрола на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.
„За време на контролата биле преземени мерки против 76 учесници во сообраќајот, од кои 20 санкции за возачи на мотоцикл. Од нив четири за возење мотоцикл без возачка дозвола, 10 санкции за возење без заштитна кацига, четири мерки за возење мотоцикл без положен испит“, извести Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
Беровец пренесен в болница, со трактор паднал во река во Пехчево и се повредил

58-годишник се повреди вчера откако со трактор падна во река во близина на Пехчево. Несреќата е пријавена во пехчевската полиција, а повредениот веднаш е пренесен на лекување во Скопје.
„На 11.05.2025 во 15.04 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека околу 14 часот на шумски пат, кај место викано ’Скокото’ кај Равна река, Пехчевско, И.Д.(58) од Берово, управувајќи трактор ’МТ 533’ со приколка, се превртел и со тракторот паднал во река. Тој бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники ’Мајка Тереза’ Скопје за укажување лекарска помош“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Увид на местото на несреќата направила увидна екипа од ОВР Берово.
Црна хроника
Уапсен 46-годишен скопјанец оти ја истепал сопругата и ѝ се заканувал

Ноќеска, неколку минути по полноќ, полицијата во скопски Петровец го уапси 46-годишниот Ј.К.. Полицајците постапувале по пријава дека во домот Ј.К. ја нападнал својата сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет.
Против насилникот ќе биде поднесена соодветна пријава по целосно документирање на случајот, извести Министерството за внатрешни работи.