Црна хроника
Загина мотоциклист кај Струга

Во саботата околу 13 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар се случила сообраќајна незгода во која загина мотоциклистот Бошко М. (54) од Струга.
Во сообраќајката учествувале автомобил„Пасат“ со струшки регистерски таблички управувано од В. Е. (20) од село Калишта-струшко и мопед „Рамбо“ сопственост и управуван од Бошко М. (54) од Струга.
Бошко од здобиените повреди починал на лице место, а смртта ја констатирал доктор од Здравствената установа Струга.
Увид на лице место извршиле екипа од Полициската станица Струга, Истражен судија и Јавен обвинител и по наредба на Истражниот судија телото на починатиот е предадено за обдукција, а на В.Е. му е одредена мерка притвор во траење од 15 дена./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.