Македонија
Заврши изградбата на монтажната болница во Велес
Модуларниот центар при инфективниот оддел на Општата болница во Велес набргу ќе биде пуштен во функција, информираат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека се работи за уште еден од 19-те модуларни центри што се поставуваат во 16 општини во државата со цел зголемување на капацитетите на инфективните одделенија.
„Модуларниот центар во Велес е со површина од речиси 700 квадратни метри и капацитет од најмалку 47 болнички легла и следните функции: клинички услуги за тријажа и процена на здравствената состојба на лицата што влегуваат во установата, прием и регистрација, тестирање и дијагностика, вклучувајќи лабораторија, рентген и ЕХО-дијагностика, безбедно чување и дистрибуција на лекови за пациентите, како и административни и простории за персонал, сместени во чистата зона“, се наведува во соопштението на Министерството.
Во него се додава дека досега целосно се завршени девет модуларни центри – во Гевгелија, Струмица, Кичево, Струга, Куманово, Гостивар, Штип, Велес и во Охрид.
„До крајот на месецот треба да заврши изведбата и опремувањето на центрите во Охрид, Кавадарци, Битола, Прилеп, Тетово, Дебар и болницата во Козле. Дополнително, во Ресен ќе се почне со изведба на модуларната болница, која треба да биде готова во март“, појаснуваат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.