Скопје
Ученици и студенти трчаа на трката на франкофонијата
Повеќе од 500 ученици од средните училишта на Град Скопје кои се над 15 години, како и студенти од првата година запишани на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” учествуваа на трката на франкофонијата што се одржа во сабота во Скопје.
Присутните ги поздравија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и амбасадорот на Република Франција во Македонија, Лоренс Оер.
„Оваа трка е организирана од Францускиот институт во Македонија и истата е дел од големиот број на активности кои се одржаа во Македонија за одбележување на Месецот на Франкофонија. Денес е и првиот ден на пролетта и ден на екологијата, која исто така е проследена со голем број на активности во организација на Град Скопје. Ние ја поддржуваме оваа промотивна трка и апелирам до жителите на Скопје да бидат што е можно повеќе активни и да рекреираат“, рече градоначалникот Трајановски.
Трката на Франкофонијата се одржа под мотото Биди активен! Трчај за Франкофонијата! и истата е дел од големиот број на активности за одбележување на Месецот на Франкофонија.
Трката стартуваше на кејот на Реката Вардар, позади Паркот на Франкофонијата и се одвиваше по траса долга неколку километри, долж кејот на реката Вардар, преку улицата “МАНАПО”, по булеварот “Партизански одреди”, до целта кај трговскиот центар Скопје Сити мол./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

