Спорт
Алфа Ромео го претставија болидот за 2021

Алфа Ромео на јавноста и го покажаа болидот со кој ќе се натпреваруваат во новата сезона, во Формула 1. Претходно своите болиди ги претставија Мекларен и Алфа Таури.
Новата сезона, ќе започне за нешто повеќе од еден месец, на 28.март во Бахреин.
Болидите на Алфа Роме и оваа сезона ќе ги возат Кими Раиконен и Антонио Џовинаци.
Сезоната 2020, во конкуренција на десет тимови, Алфа Ромео ја завршија на осмото место.
Hello, you beauty.?#C41 #AlfaRomeoRacing #ORLEN pic.twitter.com/4GuSUI9O0Z
— Alfa Romeo Racing ORLEN (@alfaromeoracing) February 22, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јувентус следи играч на Баерн, може да го донесе за малку пари

Фудбалскиот клуб Јувентус планира инвестиции за зимскиот преоден рок, а големата желба на Игор Тудор е португалскиот репрезентативец, Рафаел Гереиро.
Како што објави новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк, Јувентус покажува сериозен интерес за 31-годишниот лев бек и ќе се обиде да го доведе во зимскиот преоден рок.
Португалецот е во последната година од договорот во Минхен и нема индикации дека Баерн ќе му понуди нов договор.
Гереиро пристигна во Баерн како слободен играч, откако му истече договорот со Борусија Дортмунд, во летото 2023 година, а до оваа сезона беше стандарден играч.
Но, оваа сезона, тој не е стандарден, одигра само четири натпревари во Бундеслигата и помина само 70 минути на теренот, па доби шанса против Пафос во Лигата на шампионите, каде што постигна гол, но во тој натпревар, Винсент Компани ги ротираше играчите.
Foto/ FC Bayern
Спорт
Реал Овиедо го отпушти Пауновиќ

Вељко Пауновиќ повеќе не е тренер на Реал Овиедо, објави шпанскиот клуб. Српскиот стручњак со тоа стана првиот заменет тренер во сезоната во шпанската Ла Лига.
Иако го продолжи договорот до јуни 2026 година пред само три месеци, Пауновиќ ја загуби работата по серијата лоши резултати, две победи и шест порази во првенството досега.
Клубот се реши за „шок терапија“ во обид да излезе од кризата.
Со заминувањето на Пауновиќ, членовите на неговиот стручен штаб исто така го напуштија клубот.
Во официјално соопштение, Реал Овиедо им се заблагодари на српскиот тренер и на неговиот тим за нивната професионалност, посветеност и напорна работа, нагласувајќи дека постигнатиот пласман на највисокото ниво на натпреварувањето овој јуни ќе остане „историски успех што засекогаш ќе се памети меѓу навивачите на Овиедо“.
Тренерската позиција сега е празна, а спортскиот сектор под водство на групацијата Пачука веќе разгледува потенцијални наследници.
Најмногу се споменува името на искусниот шпански тренер Луис Карион.
Спорт
Де Јонг: Не ми се допаѓа што треба да играме во Мајами

Еден од капитените на Барселона, Френки де Јонг, го крена гласот против одлуката натпревар од Ла Лига да се игра на американска почва.
Како што е познато, УЕФА и Ла Лига конечно се согласија оваа недела и официјално објавија дека Виљареал и Барселона ќе играат натпревар на стадионот „Хард Рок“ во Мајами на 20 декември.
Де Јонг смета дека таквата одлука е неприфатлива.
„Не ми се допаѓа што ќе играме таму и не се согласувам со таквата одлука. Едноставно, не е фер за натпреварувањето. Ќе гостуваме на неутрален терен. Не е во ред и мислам дека не е добро за играчите. Разбирам дека клубовите добиваат пари за тоа, но не е фер“, рече Де Јонг.