Европа
ОБСЕ: Русите заробени во Украина рекле дека се активни војници

Двајцата Руси заробени во источна Украина признале дека се активни војници на разузнавачка задача, објави Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), откако нејзини претставници се сретнале со нив во Киев, додека Москва тврди дека станува збор за поранешни војници.
Во текот на разговорот со набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина, кој бил одржан без присуство на претставници на украинските власти, во воена болница во Киев која се лекуваат двајцата ранети Руси, „двајцата мажи признаа дека се припадници на една единица на руските вооружени сили“ се наведува во соопштението на ОБСЕ.
Во разговорот со претставниците на ОБСЕ, според извештајот, двајцата Руси „рекоа дека се на извидувачка задача“ во Украина. „Еден рече дека од својата воена единици добил наредба да оди во Украина на три месеца (…) Двајцата рекоа дека уште пред тоа биле на задача во Украина“, се додава во соопштението. Од ОБСЕ велат и дека двајцата потврдиле дека се заробени на 16-ти мај на линијата на раздвојувањето на истокот од Украина.
Руското министерство за одбрана во понеделникот решително демантираше дека војници припаѓаат на активниот состав на војската, тврдејќи дека во „моментот на заробувањето повеќе не биле припадници на руските вооружени сили“, притоа истакнувајќи дека можеби биле измачувани за да ги признаат украинските обвинувања.
„Овие луѓе биле во воена служба во единица на руската војска и имаат воена обука“, изјави кусо портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Коначенков.
Руските власти и претходно наведуваа дека во источна Украина на страната на рускојазичните бунтовници доброволно се борат пензионирани или активни припадници на војската, кои земаат одмори или отпусти, но решително негираат дека на украинска територија се присутни регуларни единици на руската армија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
АфД: Мерц ја плати цената за монструозната изборна измама

Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го поздрави неуспехот на конзервативниот лидер Фридрих Мерц да биде избран за канцелар во првиот круг од гласањето во парламентот.
Шефицата на АфД, Алис Вајдел, изјави дека резултатот, според кој Мерц доби шест гласа помалку од потребното апсолутно мнозинство, ги покажува „слабите темели“ врз кои е изградена коалицијата на конзервативниот лидер со социјалдемократите.
Мерц беше оштетен од самиот почеток, рече првиот секретар на пратеничката група на АфД, Бернд Бауман, во видео објавено на Икс.
„Тој ја плати цената за сите свои предизборни интриги, за монструозни изборни измами какви што никогаш порано не биле видени.“
Европа
(Видео) Снимен моментот кога Фридрих Мерц сфати дека сепак не е избран за канцелар

Кандидатот на Христијанско-демократската унија, Фридрих Мерц, не го доби потребниот број гласови во првиот круг од изборите за канцелар во Бундестагот и не беше избран за канцелар, што е историски уникатен случај.
310 од вкупно 630 пратеници во Бундестагот гласаа за Фридрих Мерц во првиот круг, што значи дека најмалку 18 пратеници на ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија, кои би требало да формираат коалициска влада, не гласаа за Фридрих Мерц.
За обезбедување на долгоочекуваните избори за наследник на Олаф Шолц му беа потребни 316 гласови.
Тоа е прв случај во историјата на СР Германија канцеларот да не биде избран во првиот круг.
Friedrich Merz unexpectedly failed to achieve the majority required to be elected German chancellor.
Here's how that moment unfolded in parliament ⬇️ pic.twitter.com/aCKkNLYqmM
— DW Politics (@dw_politics) May 6, 2025
Камерите го забележаа моментот кога лидерот на германските демохристијани сфати дека сепак не е избран за канцелар.
Европа
(Видео) Пожар на најголемиот градски пазар во Харков

За време на големиот руски напад врз Харков, избувнал пожар на најголемиот пазар во градот, Барабашово. Оштетени се неколку станбени згради и возила. Вкупно 11 лица се повредени во регионот Харков.
Massive Russian drone attack on Kharkiv last night. There were about 20 hits on the city.
Barabashovo market, the largest market in Kharkiv, is burning from the drone attacks. Thankfully, no one was hurt, although material losses from the fire will likely be huge. pic.twitter.com/USaAA67sTS
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 6, 2025
Гувернерот на Харковската област, Олех Синехубов, изјави дека околу 20 малопродажни објекти на пазарот се целосно уништени.