Црна хроника
Убиеното момче – Албанец се обидело да му помогне на соученик -Македонец
Момчето кое попладнево беше убиено со метални шипки во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ било од албанска националност и се обидело да му помогне на свој соученик Македонец, но во тепачката доби смртоносни повреди
Полицијата се уште врши увид на местото на инциденот и трага по безмислосните напаѓачи кои попладнево влегле во училишниот двор со метална шипка и ги нападнале двајцата ученици. Во обид да му помогне на својот соученик, осумнаесетгодишниот Мухамед Али Јашари од Кондово попладнево во пред влезот на средното градежно училиште „Здравко Цветсковски“ се здоби со повреди, а во околу 15:30 часот им подлегна на повредите. Од Ургентниот центар потврдуваат дека децата што беа повредени при тепачката во скопското средно училиште „Здравко Цветковски“ биле примени кај нив и дека едно од нив околу 15:30 часот им подлегнало на повредите.Од ургентниот центар за Макфакс изјавија дека момчето било донесено со повреди на главата од тап предмет и без пулс. Му била извршена реанимација, но безуспешно. Другото шеснаесетгодишно момче било со полесни повреди и е надвор од животна опасност.Физичкото обезбдување, тврди директорката, реагирало навремено но не можела да го спаси детето. Инцидентот се случил додека дел од учениците биле вакцинирани од мала сипаница. „Во моментот излегувал од вакцинација веќе починатиот, за жал. Мухамед Али Јашари, кој се обидел да му помогне на својот другар Дарко, но за жал бил нападнат од страна на сторителите. Бил удрен со тап предмет. Во моментот реагираше лекарската “ изјави Драгица Костадиновска.„Се случи голема трагедија. Ученик Албанец се обиде да му помогне на својот соученик Македонец и настрада. Она што ние денеска го изјавуваме е дека убијците ќе бидат фатени и ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Правдата ќе биде толку безмислока колку што напаѓачите беа безмилосни кон својот ученик“ изјави Тодоров.Додека траеше увидот во училиштето пристигна и делгација на ОБСЕ, на која не и беше дозволено да влезе, додека не завршел увидот. Во училиштето пристигна и градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски. За инцидентот дознал од колегите. „Немам што да изјавам, одам да видам што се случило, мојот син учи во соседното училиште“ рече Јакимовски.Насилството во училиштата стана секојдневие. Од почетокот на годинава неколкумина ученици беа прободени со нож. Градот Скопје воведе и физичко обезбедување во училиштата, видео надзори и дежурни наставници, но и покрај ова трагедијата не беше избегната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

