Црна хроника
Убиено момче во тепачка во „Здравко Цветковски“
Едно лице е убиено, а друго е повредено во тепачка што се случила во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ во Oпштина Карпош. Од Ургентен центар ја потврдија смртта на ученикот од „Здравко Цветковски“
Според првичните и неофицијални информации, две лица околу 14:30 часот влегле во училишниот двор и започнале тепачка.Повредените деца биле пренесени во болница, каде едното од нив им подлегнало на повредите.Од полицијата најавуваат детали за подоцнаОд Ургентниот центар потврдуваат дека децата што беа повредени при тепачката во скопското средно училиште „Здравко Цветковски“ биле примени кај нив и дека едно од нив околу 15:30 часот им подлегнало на повредите.Оттаму додаваат и дека ученикот бил донесен со повреди на главата од тап предмет и без пулс. Веднаш му била извршена реанимација, но безуспешно.Другото дете е примено со полесни повреди и се очекува да биде пуштено на домашно лекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.