Европа
Путин побара отповикување на одлуката за користење на вооружените сили во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот од парламентот побара отповикување на одлуката со којашто се дозволува употреба на вооружените сили на Руската Федерација во странство а заштита на руското население, а подоцна Советот на Федерацијата соопшти дека е подготвен да гласа за укинување на одлуката за користење на армијата во Украина за тоа да не биде користено во „шпекулативни цели“ во преговорите меѓу Киев и украинските југоисточни региони, соопштија Кремљ и претседателот на парламентарната комисија за одбрана и безбедност Виктор Озеров.
Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот од парламентот побара отповикување на одлуката со којашто се дозволува употреба на вооружените сили на Руската Федерација во странство а заштита на руското население, а подоцна Советот на Федерацијата соопшти дека е подготвен да гласа за укинување на одлуката за користење на армијата во Украина за тоа да не биде користено во „шпекулативни цели“ во преговорите меѓу Киев и украинските југоисточни региони, соопштија Кремљ и претседателот на парламентарната комисија за одбрана и безбедност Виктор Озеров.
„Претседателот Владимир Путин пред членовите на горниот дом на рускиот парламент побарал поништување на споменатата одлука усвоена на 1-ви март за дејствување на руската војска на украинска територија“, изјавил советникот на претседателот Дмитриј Песков, појаснувајќи дека таквата одлука е донесена за да се нормализира ситуацијата во Украина.
Путин барањето го формулираше во писмо упатено до горниот дом на парламентот непосредно пред заминувањето во официјална посета на Австрија во вторникот.
Претставник на горниот дом, Андреј Ломов за агенцијата Интерфакс изјави дека пратениците уште во сред ќе ја отповикаат одлуката со којашто се дозволува воена интервенција во Украина.
Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност на Советот на федерацијата, Виктор Озеров, пак, за РИА Новости изјавил дека комисиите за надворешни работи и за уставни прашања ќе одржат заедничка седница на којашто ќе го разгледаат обраќањето на претседателот Путин во средата претпладне пред пленарната седница.
„Ситуација во Украина уште целосно не е стабилизирана, но сега треба да започне мировниот дијалог меѓу официјален Киев и југоисточниот дел на земјата. Присуството на резолуцијата на Советот на Федерацијата може да се искористи за шпекулативни цели како кочница во овие преговори“, изјави Озеров.
Истакнал и дека Русија има право да очекува дека по донесувањето на одлуката за укинување на споменатата резолуција на Советот на Федерацијата ќе „мора да биде проследено со соодветни чекори од страна на Киев – прекин на борбените дејствија не само до 27-ми јуни, туку и во иднина“. „Се надеваме дека повлекувањето на согласноста за употребата на вооружените сили ќе претставува катализатор на мировните преговори“, истакнал рускиот сенатор.
Озеров, исто така, истакнал дека претходното носење на резолуцијата за користење на руските сили во Украина „ја одиграло својата ролја во стабилизација на општествено-политичката ситуација во Украина и на Крим како фактор на одвраќање“ на употреба на сила.
Кон крајот на минатата седмица украинскиот претседател Петро Порошенко нареди прекин на огнот на сите единици коишто се вклучени во операцијата во проруските региони во источна Украина и го презентираше мировниот план во 15 чекори. Рускиот претседател Владимир Путин го поздрави предлогот на Порошенко но нагласи дека вистинскиот прекин на судирите и почетокот на директните преговори меѓу спротиставените страни е најголемиот приоритет за нормализација на ситуацијата во регионите на југоистокот од Украина.
Во понеделникот навечер по состанокот на „контактната група“, која ги вклучува поранешниот украински претседател Леонид Кучма, рускиот амбасадор во Киев и претставник на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), бунтовнички челници во двата проруски региони во југоисточна Украина се согласија на прекин на огнот со украинските сили до петок, 27-ми јуни.
Претходно прорурските бунтовници одговорија дека се сомневаат во искреноста на понудата на Порошенко да го предадат оружјето, истакнувајќи дека и поранешниот претседател Виктор Јанукович беше отстранет насилно од власта само еден ден откако го потпиша документот за надминување на повеќемесечните протести и насилства во Киев со тогашната прозападна опозиција во присуство како гаранти на шефовите на дипломатиите на Германија, Франција и Полска.
Руската дипломатија, пак, понудата на Порошенко до припадниците на проруските милиции да го положат оружјето и слободно да ја напуштат земјата го оцени како провиден обид за етничко чистење.
Порошенко досега го одбивапе директниот дијалог со челниците на побунетото население на што го поттикнува Москва, па консултациите коишто се одржаа во понеделникот се сметаат донекаде да им задоволат руските барања./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.
#Últimahora 🚨 Sentida en #Roma una fuerte explosión originada en un depósito de combustible de #Centocelle. Hay varios heridos.#Rome #Italia #Italypic.twitter.com/DNyPh0Vr7e
— eSPAINews (@eSPAINews_) July 4, 2025
Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.
Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.
BREAKING: A powerful explosion struck a fuel depot on Via dei Gordiani in Rome, Italy, injuring multiple people. pic.twitter.com/Aw0EM1dhEW
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 4, 2025
Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.
Европа
(Видео) Украинците со дронови нападнаа трафостаница во близина на Москва

Украина изврши напад со беспилотно летало врз областа Сергиев Посад во близина на Москва рано утрово, при што едно лице беше повредено и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во делови од верски значајниот центар, изјави раководителот на областа.
„Ги молам сите да останат смирени, да не се приближуваат до прозорците, да не ја фотографираат работата на воздушната одбрана“, напиша Оксана Јероханова во објава на апликацијата за пораки Телеграм.
Таа рече дека во округот – на околу 75 километри од Кремљ – биле пријавени најмалку четири експлозии и дека е оштетена трафостаница, оставајќи делови од округот без електрична енергија.
Drones strike Russia’s Sergiyev Posad in the Moscow region, with a power station among the damaged targets. pic.twitter.com/H2vVCwddql
— KyivPost (@KyivPost) July 4, 2025
Административниот центар на округот, градот Сергиев Посад, се смета за религиозен центар на Московскиот регион и духовно срце на Руската православна црква.
Руското Министерство за одбрана соопшти на Телеграм дека единиците за воздушна одбрана уништиле 48 украински беспилотни летала над пет руски региони преку ноќ. Министерството, кое известува само за бројот на беспилотни летала што ги уништиле неговите сили, а не за бројот на летала лансирани од Украина, не го наведе Московскиот регион како регион каде што биле соборени беспилотните летала.
Европа
(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина.
„Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.
Absolutely horrible and sleepless night in Kyiv. One of the worst so far.
Hundreds of Russian drones and ballistic missiles rained down on the Ukrainian capital.
Right after Putin spoke with President Trump. And he does it on purpose.
Enough of waiting! Putin clearly shows… pic.twitter.com/R0mlfUgJRx
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) July 4, 2025
Тој додаде дека нападот бил извршен веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.
„Доста чекање. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и решително да реагира.
„Путин јасно покажува целосно непочитување кон САД и сите оние кои повикаа на крај на војната. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции. На Украина мора да ѝ се дадат сите потребни средства за нејзина одбрана“, рече тој.
Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила“.
Киев синоќа беше под интензивно гранатирање со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, а според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.