Црна хроника
Новиот началник на СВР Штип ја презеде функцијата, „Детонатор“ се шири кон Делчево
Новиот началник на СВР Штип, Момчило Сталетовиќ во понеделник ја презеде функцијата на местото на Ѕвонко Каширски, кој пред два дена беше разрешен од страна на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
На прес – конференцијата изјавил дека примопредавањето се одвивало во најдобар ред и изјавил дека никој не може да влијае на неговата работа со цел да се открие криминалот.
Тој има 23-годишно искуство како полицаец, командир, командир на полициска станица и инспектор во Бирото за јавна безбедност.
Новиот началник сега ќе ги избира и новите командири на полициските станици кои се во надлежност на СВР Штип. Тој изјави дека акцијата „Детонатор“ продолжува, но не соопшти детали.
Според првичните информации, ноќеска полицијата запленила педесетина покер апарати во продолжението на акцијата.
Досега во „Детонатор“ се запленети околу 700 покер апарати, а приведени беа 23 лица, од кои 14 се во притвор. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.