Спорт
ПСЖ: Нејмар и Мбапе ќе добијат нови договори
																								
												
												
											ПСЖ биле на добар пат да ги продолжиат договорите со двете најголеми ѕвезди во тимот, Нејмар и Килијан Мбапе. Спортскиот директор на клубот, Леонардо, за француските медиуми, рекол дека преговорите се движеле во добра насока.
Договорите на Нејмар и Мбапе со ПСЖ истекуваат во јуни 2022 година. Неодамна се појави информацијата дека Нејмар ќе го продолжи договорот до 2026 година.
„Ако прашувате за Нејмар, тука сме на вистинскиот пат. Но договорот е завршен кога ќе се стават потписите, а тоа се уште не се случило“, рекол Леонардо.
Многу потешки ќе бидат преговорите со Мбапе.
„Разговараме. Подолг период разговараме. Ќе дојдеме и до ситуацијата кога мораме да заземеме позиција, кога ќе мораме да донесеме одлука. Мислам дека се ближиме до дој момент. Разговорите добро ги започнавме“.
Спортскиот директор на ПСЖ, рекол дека клубот ќе им понуди нови договори на уште двајца фудбалери, Анхел Ди Марија и Хуан Бернат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Спорт
Ливерпул против Реал, Баерн гостува во Париз
														Вечерва се играат девет натпревари од Лигата на шампионите на УЕФА, кои носат неколку многу интересни дуели каде што секој бод ќе биде исклучително важен за пласман во нокаут фазата. Посебен акцент треба да се стави на средбата помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид, како и на пресметката помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен.
Ливерпул го пречекува Реал Мадрид на „Енфилд“, а судија е романецот Иштван Ковач. Домашниот тим го предводи Арне Слот, додека гостински тренер е Чаби Алонсо, кој помина исклучително успешен период од својата играчка кариера во дресот на Ливерпул, со кој го крена трофејот од Лигата на шампионите.
Ова нема да биде единственото враќање на познато место оваа вечер. Ова е и првото враќање на Трент Александар-Арнолд на „Енфилд“ во дресот на Реал Мадрид откако го напушти Ливерпул минатото лето.
Англискиот репрезентативец долго време инсистираше на преселба во Мадрид и со тоа го навлече гневот на навивачите на Ливерпул, а сега се враќа на стадионот каде што помина многу години.
Во Париз, актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен игра против Баерн Минхен на „Паркот на принцовите“, а главен судија на натпреварот е Италијанецот Маурицио Маријани. Ова ќе биде интересена тренерска пресметка помеѓу Луис Енрике и неговиот помлад колега Винсент Компани.
Нивните тимови се во навистина застрашувачка форма на почетокот на оваа сезона. Во Лигата на шампионите, ПСЖ и Баерн водат на табелата со совршен настап по првите три кола, а во Бундеслигата, Баерн ги доби сите девет одиграни натпревари досега.
За жал, овој натпревар може да мине без актуелниот освојувач на „Златната топка“. Усман Дембеле влезе од клупата во победата на ПСЖ против Ница во последното коло од француската Лига 1, но почувствува проблеми со задната ложа и многу е веројатно дека ќе биде надвор од првиот тим вечерва, но постои можност Енрике да го внесе од клупата.
Лига на шампиони, 4.коло:
Наполи – Ајнтрахт Франкфурт 18.45 часот
Славија Прага – Арсенал 18.45 
Атлетико Мадрид – Унион Сен-Жилоа 21 часот
Боде/Глимт – АС Монако 21
Јувентус – Спортинг Лисабон 21
Ливерпул – Реал Мадрид 21
Олимпијакос – ПСВ 21
Пари Сен Жермен – Баерн 21
Спорт
„Влаховиќ и Камбијасо се фундаментални за тимот“
														Во 4. коло од Лигата на шампионите, фудбалерите на Јувентус вечерва ќе го пречекаат Спортинг од Лисабон.
Пред натпреварот, тренерот на „Старата дама“, Лучано Спалети зборуваше за подготовките на тимот, статусот на некои од фудбалерите и амбициите на клубот за сезоната.
Спалети истакна дека напаѓачот Душан Влаховиќ и дефанзивецот Андреа Камбијасо се фундаментални за тимот.
„Андреа е силен и модерен играч кој може да се снајде на неколку позиции, но мора да се подобри во играта со глава. Душан има мала предност бидејќи знае што е Јувентус и го знае притисокот што владее во клубот. Разговарав со него и тој би бил повеќе од среќен да остане тука, само фудбалот му е во главата“, рече Спалети.
Тренерот на Јувентус ја означи борбеноста како главен рецепт за победа над лисабонскиот тим, истакнувајќи дека му се допаднала енергијата која ја покажале неговите играчи во триумфот над Кремонезе.
По 10 кола од Серија А, Јувентус е на шестото место на табелата, четири бода зад лидерот Наполи, додека имаат освоено два бода во Лигата на шампионите.
Спорт
(Видео) Поени со звукот на сирената – Јанис и Нуркиќ меч винери
														Јанис Адетокумбо и Јусуф Нуркиќ со звукот на сирената им донесоа победи на своите екипи, Милвоки Бакс, односно Јута Џез, во НБА лигата. Јанис погоди за победа во Индијанаполис, а Нуркиќ во Бостон.
Милвоки Бакс славеа на теренот на еден од најголемите ривали во лигата, Индијана Пејсерс. Адетокумбо е омразен лик во Индијанаполис од декемви 2023 година, кога постигна рекордни во кариерата 64 поени, а потоа ги обвини домашните кошаркари дека му ја украле топката, која сакал да ја носи дамо во спомен на рекордот.
Жестоки свирежи доби и Мајлс Тарнер, рекордер на Индијана според бројот на блокади и еден од најзаслужните за пласманот во финалето минатата сезона, Тарнер по 10 години, минатото лето замина од Индијанаполис и се пресели во Милвоки.
Финишот на овој меч беше исклучително драматичен. На 14 секунди до крајот Ерон Несмит изедначи на 115:115, а потоа со звукот на сирената Адетокумбо постигна поени за триумф на Милвоки.
Гркот мечот го заврши со 33 поени, 13 скокови и пет асистенции, на спротивната страна Паскал Сијакам имаше 32 поени, осум скока и пет асистенции.
GIANNIS ANTETOKOUNMPO
NO ESTOURO DO CRONÔMETRO
VENCE O JOGO PRO MILWAUKEE BUCKS CONTRA O INDIANA PACERS
LFLQMFPDMELDMPDMEPDLQKMRLDLWMFLWMELDMPWMRLSL pic.twitter.com/aNogkArM7i
— NBA da bad (@NBAdabad) November 4, 2025
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ го шокира „Ти-Ди Гарден“, погоди со звукот на сирената за триумф на Јута над Бостон Селтикс 1015:103.
Кејонте Џорџ ја зеде топката во свои раце за да го реши натпреварот на 11 секунди пред крајот, промаши, но Нуркиќ поентираше од офанзивен скока.
NURKIC GAME WINNER ??? pic.twitter.com/CWa4D7WBxy
— Shabazz 💫 (@ShowCaseShabazz) November 4, 2025
Нуркиќ помина 31 минута на паркетот. Тој оствари дабл-дабл учинок од 11 поени и 11 скока, а додаде и четири асистенции. Кејонте Џорџ постигна 31 поен во победничкиот тим, Лаури Марканен додаде 20, на споритвната страна Џејлен Браун постигна 36 поени.
НБА резултати:
Бруклин – Минесота 109:125
/Томас 25 – ДиВинченцо 25/
Њујорк – Вашингтон 119:102
/Таунс 33 – Сар 19/
Хјустон – Далас 110:102
/Томпсон 27 – Вашингтон 29/
Мемфис – Детроит 106:114
/Џексон 21 – Канингем 33/
Денвер – Сакраменто 130:124
/Јокиќ 34 – Вестбрук 26/
Портланд – ЛА Лејкерс 115:123
/Авдија 33 – Хачимура 28/
ЛА Клиперс – Мајами 119:120
/Харден 29, Ленард 27 – Адебајо 25, Пауел 21/

