Спорт
Ф1 се враќа во Африка

Приоритет на челниците на Формула 1 е да организираат трка во Африка. Последен пат, Ф1 болидите, на африканскиот континент, возе во Јужна Африка во 1993 година.
Покрај челниците на натпреварувањето и неколку возачи, меѓу кои е и светскиот првак, Луис Хамилтон, рекле дека би сакале да се тркаат во Африка.
„Се согласувам со Луис. Африка е континент на кој не се одржува трка, тоа е погрешно. Тоа ќе ни биде приоритет за наредните години. Покрај Африка, наша цел ќе бидат и САД, каде што имам одлична трка, во Остон, но сакаме да се прошириме“, рекла Клои Таргет Адамс од бордот на директори на Ф1.
Покрај во Јужна Африка, Формула 1 трка се возела и во Мароко, во далечната 1958 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милан со многу среќа ја совлада Џенова – 20 минути игра за Пандев

Калчолигашот Милан дојде до многу важен триумф попладнево на својот „Сан Сиро“ во рамки на 31 коло во Серија А.
„Росонерите“ со 2-1 славеа против екипата на Џенова и првпат по 7. февруари годинава (тогаш со 4-0 славеа против Кротоне) дојдоа до цел плен на својот стадион во рамки на Серија А.
Трагичар кај гостите беше Џанлука Скамака, тој во 68 минута аматерски реагираше во својот шеснаесетник по една нафрлена топка, па од неговиот грб топката се најде во мрежата на голманот Перин, за водство на Милан од 2-1.
Претходно, во првиот дел најпрво Анте Ребиќ со прекрасен удар од 16 метри донесе домашна предност од 1-0.
Сепак, Дестро со глава во 37 минута погоди за 1-1.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев во игра влезе во 74 минута, но немаше некоја посериозна шанса да го загрози Џиџи Донарума.
Најголемата шанса за 2-2 Џенова ја имаше во 86 минута кога во два наврати стоперите на Милан ја вадеа топката од гол линијата по една грешка на Донарума. Мазиело и Бехрами не успеаја да ја сместат топката во мрежата.
Со овие три бода Милан останува втор на табелата, сега со 66 – 4 повеќе од третопласираниот Јувентус кој од 15 часот игра во Бергамо, против Аталанта.
Интер и понатаму е недостижен со 74 и меч помалку, оној вечерва од 20.45 нагости кај Наполи.
Спорт
Хорхе Мартин оди на операција: Многу боли, ама јас сум „Мартинатор“

Младиот возач на Прамак Дукати, Хорхе Мартин по импресивниот старт на сезоната во Мото ГП имаше голем пех во Португалија. Ја повреди десната рака и десната нога, па ќе мора да оди на операција во Барселона, по вчерашниот пад на седмиот свиок на патеката „Портимао“. Се работи за повтеда на коска на дланката и на десната нога, над скочниот зглоб.
„Не ми е ова најдобриот ден верувајте ми! Многу боли, но јас сум `Мартинатор`. Ќе се видиме наскоро“ порача Мартин на Твитер.
Not my best day, you can trust me! A lot of pain but I am Martinator. SEE U SOON @motogp pic.twitter.com/rWAIouJ5Tp
— JorgeMartínAlmoguera (@88jorgemartin) April 17, 2021
Тој е дебитант во Мото ГП шампионатот, а на првите две трки беше одличен. Во Доха заврши како трет.
Хорхе Мартин е екс-светски шампион во Мото 3 со Хонда, а минатата сезона беше петтопласиран во Мото 2 возејќи Калекс.
Спорт
Лапорта: Лео е најдобриот светски фудбалер!
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта беше воодушевен по синоќешниот триумф на својот клуб против Атлетик Билбао и освојувањето на Копа дел Реј. Барса по две години освојува трофеј иако некогаш тоа беше нормална работа за клубот од Каталонија.
Во изјава по мечот Лапорта рече дека е уверен дека Лео Меси ќе остане на „Ноу Камп“ до крајот на кариерата.
„Лео е најдобриот светски фудбалер! Многу е важен за клубот. Убеден сум дека сака да остане, ќе направиме се што е во наша моќ така и да биде. Во овој меч видовме дека е опкружен со одлични играчи. Тимот играше многу добро, среќен сум поради нив. Се надевам дека ова е само првиот од многуте трофеи што ќе ги освоиме“ рече претседателот на Барселона.
Инаку, Меси кој синоќа постигна 2 гола и имаше асистенција стана првиот играч кој за 119 години во Купот на Кралот тресел мрежи во седум различни финалиња од ова натпреварување.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш