Црна хроника
Кривична пријава против вработен во „Градски гробишта“ во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(55) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Тој, на 12.11.2020 година, во својство на службено лице во Јавното претпријатие „Градски гробишта“ во Охрид, го известил Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ дека за потребите на „Градски гробишта“ неопходен им е камион кипер за транспорт на 800 бекатон плочки, наменети за поплочување на пат до црква во охридското село Љубаништа. Откако биле пренесени, пријавениот плочките ги пренесол во дворот од својата викендичка која се наоѓала веднаш до црквата, со што се стекнал со противптравна имотна корист од над 60.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

