Македонија
Поради протестот за „Монструм“ изменет режим на линиите на ЈСП
Силно полициско обезбедување е распоредено околу скопските судови, непосредно пред почетокот на протестот за изречените казни во случајот „Монструм“ за петкратното убиство на Смилковското Езеро.
Поради најавен протест блокирани се и повеќе сообраќајници во главниот град, па ЈСП информира дека голем дел од автобуските линии ќе имаат изменет режим на сообраќање.
По изменети траси ќе возат:
ЛИНИИИ 2 и 2А (Сарај – Автокоманда/Железара)
Автобусите ќе се движат по траса по булевар Партизански одреди до Соборен храм, потоа преку Рекорд, Работнички дом, улица Кеј 13 Ноември (Дрво декор), „Веро Џамбо“, улица Беласица кон Континентал и ќе продолжуваат по својата редовна траса.
ЛИНИИИ 2 и 2А (Автокоманда/Железара – Сарај)
Автобусите ќе се движат по траса по булевар Александар Македонски до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица Беласица, постојка НБРСМ 1, Југодрво, Зелен пазар, Рекорд, Соборен храм и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 8 (Влае – Љуботенски пат)
Автобусите ќе се движат по траса по булевар Илинден до пред Влада на РСМ, потоа преку булевар Климент Охридски, преку Рекорд, Работнички дом, улица Кеј 13 Ноември ( Дрво декор), „Веро Џамбо“, улица Беласица кон Континентал, булевар Никола Карев, населба Железара, ќе продолжуваат на булевар Христијан Тодоровски Карпош, старо кино Бутел и продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 8 (Љуботенски пат – Влае)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до старо кино Бутел, населба Железара, ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“ до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРСМ 1, потоа преку Југодрво, Рекорд, ќе продолжуваат на булевар Климент Охридски покрај Соборен храм на булевар „Илинден“ и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 9 (Клинички центар – Скопје Север)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Југодрво, потоа преку „Веро Џамбо“, улица Беласица кон Континентал, булевар Никола Карев, населба Железара ќе продолжуваат по улица Ферид Бајрам, Поликлиника Чаир, улица Кемал Сејфула, стадион Чаир, СУГС „Цветан Димов“ и ќе продолжуваат до СУГС „Арсени Јовков“
ЛИНИЈА 9 (Скопје Север – Клинички центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до СУГС „Цветан Димов“, потоа по улица Кемал Сејфула покрај стадион Чаир, улица Ферид Бајрам, Поликлиника Чаир, населба Железара ќе продолжуваат по улица Ферид Бајрам, булевар Никола Карев до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица Беласица, преку псотојка НБРСМ 1, Југодрво и потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИИТЕ 11, 11а, 64, 64А
Автобусите ќе се движат по редовната траса ТЦ „Буњаковец“, потоа преку Рекорд, Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ (Дрво декор), „Веро Џамбо“ до Транспортен центар
ЛИНИИТЕ 11, 11а, 64 и 64А
Автобусите од Транспортен центар, преку постојка НБРСМ 1, ќе продолжуваат кон Југодрво, па преку Рекорд, Соборен храм ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 12 (Сарај – Саем)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до ТЦ „Буњаковец“, потоа преку Рекорд, Зелен пазар кон „Веро Џамбо“, па по улица Беласица до Саем
ЛИНИЈА 15А (Карпош 4 – Ново Лисиче)
Автобусите ќе се движат по редовната траса по булевар „Илинден“ до пред Влада на РСМ, потоа преку булевар Климент Охридски, потоа преку Рекорд, Зелен пазар ќе продолжуваат по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање
ЛИНИЈА 16 (Пржино – Железара)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Градска болница, па од кај Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 16 (Железара – Пржино)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРСМ 1, Југодрво и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 17 (улица „Островска“ – Музеј на современа уметност)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Работнички дом и тука ќе завршува
ЛИНИЈА 17 (Музеј на современа уметност – улица Островска)
Почетна постојка ќе биде кај Работнички дом, па по улица Кеј 13 Ноември, „Веро Џамбо“ ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИИ 18 и 118 (Визбегово – Транспортен центар)
Автобусите ќе се движат по редовна траса до ТЦ „Буњаковец“, потоа преку Рекорд, Работнички дом, улица Кеј 13 Ноември ( Дрво декор), Веро Џамбо до Транспортен центар
ЛИНИИ 18 и 118 (Транспортен центар – Визбегово)
Автобусите ќе се движат од Транспортен центар, постојка НБРСМ 1, потоа преку Југодрво, Рекорд, до Соборен Храм и ќе продолжуваат по редовната траса
ЛИНИЈА 18 а (Транспортен центар – Визбегово)
Автобусите ќе се движат од Транспортен центар, по улица Беласица кон Континентал, по булевар Никола Карев, населба Железара ќе продолжуваат по улица Ферид Бајрам, Поликлиника Чаир, улица Кемал Сејфула, стадион Чаир, СУГС „Цветан Димов“ и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 18 а (Визбегово – Транспортен центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до СУГС „Цветан Димов“, по улица Кемал Сејфула покрај стадион Чаир, улица Ферид Бајрам, Поликлиника Чаир, населба Железара ќе продолжуваат по улица Ферид Бајрам, булевар Никола Карев, Автокоманда до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица Беласица до Транспортен центар
ЛИНИЈА 19 (Карпош 4 – Шуто Оризари)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до ТЦ „Буњаковец““, потоа преку Рекорд, Зелен пазар, „Веро Џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал, па по булевар „Никола Карев“, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 19 (Шуто Оризари – Карпош 4)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Поликлиника Чаир , населба Железара, ќе продолжуваат по улица Ферид Бајрам, булевар Никола Карев, Автокоманда, до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица Беласица, постојка НБРСМ 1, Југодрво, Зелен пазар , Рекорд, Соборен храм и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 20 (Транспортен центар – Шуто Оризари)
Автобусите ќе се движат од Транспортен центар, преку улица Беласица кон Континентал, булевар Никола Карев, населба Железара, ќе продолжуваат по улица Ферид Бајрам, Поликлиника Чаир, улица Кемал Сејфула, стадион Чаир, СУГС „Цветан Димов“ и ќе продолжуваат по својата редовна траса
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
ЛИНИЈА 32 (Љубин – Транспортен центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до ТЦ „Буњаковец“, потоа преку Рекорд, Работнички дом, улица Кеј 13 Ноември ( Дрво декор), „Веро Џамбо“ до Транспортен центар
ЛИНИЈА 32 (Транспортен центар – Љубин)
Автобусите од Транспортен центар, преку постојка НБРСМ 1, преку Југодрво, Рекорд, до Соборен Храм и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 35 (Ново Лисиче – Скопје Север)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Транспортен центар, па по улица „Беласица“ кон Континентал, по булевар „Никола Карев“, преку Железара, улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир и ќе продолжуваат по својата редовна траса
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање
ЛИНИЈА 43 (Дом на печат – Јужноморавски бригади)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Работнички дом, улица Кеј 13 Ноември ( Дрво декор), „Веро Џамбо“, улица Беласица кон Континентал и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 43 (Јужноморавски бригади – Дом на печат)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРСМ 1, Југодрво, Зелен пазар и потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса
Линија 45 (Транспортен центар – Ченто)
Автобусите од Транспортен центар, преку улица Беласица кон Континентал, ќе се движат по булевар Никола Карев и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 45 (Ченто – Транспортен центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица Беласица до Транспортен центар
ЛИНИИ 47, 61, 71 и 81 (Љубанци, Побожје, Бањани, Блаце – Транспортен центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Бутел старо кино, населба Железара ќе продолжуваат по улица Ферид Бајрам, булевар Никола Карев, Автокоманда до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица Беласица до Транспортен центар
ЛИНИИ 47, 61, 71 и 81 (Транспортенц центар – Љубанци, Побожје, Бањани, Блаце)
Автобусите од Транспортен центар, преку улица Беласица ќе се движат кон Континентал, преку булевар Никола Карев, населба Железара, па ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 47А (Транспортен центар – Љуботен)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до старо кино Бутел, населба Железара, па ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“, Автокоманда, до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“ до Транспортен центар
ЛИНИЈА 47А (Љуботен – Транспортен центар)
Автобусите од Транспортен центар, преку улица Беласица ќе сообраќаат кон Континентал, па по булевар „Никола Карев“, населба Железара ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 50 (Хиподром – Клинички центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица Беласица, постојка НБРСМ 1, Југодрво, Зелен пазар и потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 50 (Клинички центар – Хиподром)
Автобсуите ќе се движат по редовната траса до Работнички дом, па по улица Кеј 13 Ноември ( Дрво декор), „Веро Џамбо“, улица Беласица кон Континентал и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИИ 57 и 59 (Козле, Карпош 3 – Радишани, Кучевичка бара)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Работнички дом, улица Кеј 13 Ноември ( Дрво декор), „Веро Џамбо“, улица Беласица кон Континентал, булевар Никола Карев, населба Железара, ќе продолжуваат на булевар Христијан Тодоровски Карпош, старо кино Бутел и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИИ 57 и 59 (Радишани, Кучевичка Бара – Козле, Карпош 3)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до старо кино Бутел, населба Железара, ќе продолжуваат по улица Ферид Бајрам, булевар Никола Карев, Автокоманда, до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица Беласица, постојка НБРСМ 1, Југодрво, Зелен пазар и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИИТЕ 52, 53, 54, 55, 55а, 55в, 62, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 65в, 66, 66а и 68
Автобусите од Транспортен центар, преку улица „Беласица“ ќе се движат кон Континентал, па преку булевар „Никола Карев“ ќе се приклучуваат на својата редовна траса
Во обратна насока ќе се движат по редовната траса до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“, па по улица Беласица ќе продолжуваат кон Транспортен центар
НАПОМЕНА:
Во случај да биде затворена улица 11 Октомври, сите линии кои сообраќаат кон Карпош, ќе бидат пренасочени по улица „Кирил и Методиј“ преку Рамстор, а во обратна насока по улица Железничка кон Транспортен центар
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст на нафтените пазари и потенцијалните геополитички ризици, истакнуваат од оваа институција.
Министерството информира дека Агенцијата за задолжителни нафтени резерви постојано ги следи и одржува државните резерви на нафта и нафтени деривати, обезбедувајќи сигурност на снабдувањето, стабилност на пазарот и подготвеност за навремена реакција во случај на какво било нарушување на увозот или снабдувањето.
„Агенцијата за задолжителни нафтени резерви МАКОРА има законска обврска да ги формира и одржува државните резерви на нафта и нафтени деривати во согласност со европската регулатива, односно со Directive 2009/119/EC, која пропишува задолжителна минимална покриеност во одреден број денови просечна потрошувачка или увоз.
Овие државни резерви претставуваат стратешка сигурност на системот. Тие се чуваат како безбедносен механизам и не се користат во редовни пазарни услови, туку исклучиво со одлука на Владата, во случај на прогласување енергетска криза или сериозно нарушување на снабдувањето“.
Во моментов, како што е посочено, увозот на нафтени деривати е целосно либерализиран и се одвива непречено, без ограничувања или застои.
Како Министерство, додаваат од таму, внимателно ја следиме состојбата на меѓународните пазари, особено во контекст на актуелните геополитички случувања и воениот конфликт на Блискиот исток.
Потенцираат дека доколку се појави евентуален недостиг или прекин што би можел да го загрози снабдувањето, Владата ќе реагира навремено и соодветно, во интерес на граѓаните и стопанството.
„Во овој момент, државните резерви се стабилни и според расположливите информации нашата земја стои меѓу најподготвените во регионот во однос на покриеноста и сигурноста на снабдувањето.
Како превентивна мерка, доколку утре се појави евентуален проблем на пазарот, државата располага со резерви од сите видови нафтени деривати и тоа:
· Еуродизел – 138.877.053 литри
· Еуросупер БС-95 – 32.098.680 литри
· Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 10.772.342 литри
· Мазут М-1 НС – 5.287.794 килограми.
Покрај стратешките резерви, редовната набавка на нафтени деривати се одвива повеќепати во текот на годината, а резервите се дополнуваат континуирано и соодветно, согласно динамиката на потрошувачката и законските обврски. Со тоа обезбедуваме стабилност, предвидливост и сигурност во снабдувањето на граѓаните и економијата.
Нафтените резерви се безбедно складирани кај овластени трговски друштва – складиштари и тоа во ОКТА – Рафинерија на нафта, Макпетрол АД Скопје, Лукоил Македонија ДООЕЛ и Супер Трејд ДООЕЛ“.
Овие капацитети, информираат од министерството, се редовно мониторирани и контролирани од страна на надлежните државни органи, со цел да се обезбеди целосна безбедност, техничка исправност на складиштата и навремена достапност на резервите доколку се појави потреба.
Појаснуваат дека доколку се појави евентуален проблем со увозот од какви било причини – затворање на граници, прекини, штрајкови или блокади – државата има обезбедено и дополнителен сигурносен механизам. „Во функција е продуктоводот Солун–Скопје, кој преку поврзувањето со Солун обезбедува алтернативен и непречен доток на сите видови на нафта и нафтени деривати, што значително ја зголемува стабилноста на системот и ја намалува зависноста од други транспортни правци.
Истовремено, Агенцијата континуирано ја следи и дневната потрошувачка на нафтени деривати, со цел државните резерви да се одржуваат согласно законски пропишаното ниво и реалните потреби на пазарот.
Системот е поставен превентивно, со повеќеслојна заштита – преку стратешки резерви, алтернативни транспортни коридори и постојан мониторинг на потрошувачката – со што се гарантира енергетска сигурност и стабилност.
Иако актуелните случувања во Блискиот Исток можат да предизвикаат нарушувања во снабдувањето со нафтени деривати на светско ниво, Република Северна Македонија како држава има обезбедено сигурен проток и увоз на деривати од повеќе различни извори и земји. Со оваа диверзификација на снабдувачите, комбинирано со стратешките државни резерви и функционирачкиот продуктовод Солун–Скопје, се обезбедува непречено и стабилно функционирање на пазарот на нафтени деривати.
На овој начин се гарантира дека граѓаните и стопанството нема да почувствуваат недостиг, а државата останува целосно подготвена да реагира навремено доколку се појави какво било нарушување на снабдувањето“.
Македонија
СДСМ за трагедијата во Карпош: Законот обврзува итна реакција на полицијата по пријава, без да чека одобрение од институциите
СДСМ изразува длабока тага и сочувство за трагичниот настан во Скопје, во кој животот го загубија мајка и ќерка, опишувајќи го како уште една болна последица на семејно и родово базирано насилство што ја потресе целата јавност.
„Овој трагичен случај повторно ја отвора суштинската дилема: дали институциите реагираат навреме, координирано и соодветно кога постои очигледна опасност по животот и безбедноста на жртвите?
СДСМ потсетува дека семејното насилство е кривично дело и итен случај.
Полицијата има законска обврска да постапува веднаш по пријава, без да чека одобрение од други институции. Не постои правна или институционална основа за одложување на полициска интервенција во случаи на семејно насилство.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика и Центрите за социјална работа имаат клучна улога во обезбедување социјална заштита, кризно сместување и психосоцијална поддршка, како и во предлагање долгорочни заштитни мерки. Нивната улога е паралелна и комплементарна, но не смее да биде изговор.
Борбата против родово базираното насилство не смее да биде декларативно, туку и преку ефективна примена на законите, институционално делување, континуирана едукација на сите вклучени служби и силен фокус на превенцијата“, велат од СДСМ.
Македонија
МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре
За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати владиниот авион. Од Израел ќе бидат пренесени на локација до која е безбедно да стигнат по копнен пат од каде што ќе ги преземе владиниот авион.
„За Македонците кои се во Израел веќе договараме евакуација. Се разгледуваат алтернативни патни правци кои се безбедни за да можат да бидат извлечени, а од таму да ги преземеме со владиниот авион. Првите патници очекуваме да стигнат дома уште утре“, изјавија од МНР за „Макфакс“.
Во владиониот авион има место за седуммина патници, но за да можат да си дојдат дома сите заинтересирани, се разгледуваат можности за комерцијални летови од безбедните околни точки.
Евакуација од Израел досега побарале 19 патници кои се дел од вкупно 473 македонски државјани кои ги контактирале дипломатско-конзуларните претставништва на земјава во Тел Авив, Доха и Абу Даби. Во Катар се пријавиле 106 лица, 348 се обратиле до ДКП Абу Даби, 18 лица од Кувајт и 12 лица од Бахреин.
За патниците од Катар, од МНР велат дека се во преговори за специјален комерцијален лет со кој би се вратиле дома оти сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат, а вrаќањетo од Обединетите Арапски Емирати ќе почне во првата безбедна прилика.
Денес во Белград слета авион со 200 српски државјани кои се вратија од Дубаи со комерцијален лет, а аеродромот извести дека ќе го продолжи воздушниот сообраќај со реализација на ограничен број летови. Приоритет ќе им се дава на патниците со претходни резервации, а оние кои ќе бидат дополнително прераспределени на ограничените летови, ќе бидат директно контактирани од компанијата.

