Македонија
Интензивирана соработката меѓу Македонија и САД на полето за безбедност на храна
Интензивирање на соработката на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави , преку унапредување на институционалната и бизнис-соработка, беа дел од темите на кои разговараа директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, и Ендрју Мофад, офицер за политички и економски работи во амбасадата на САД во РСМ.
На состанокот беше истакната досегашната добра соработка на Агенцијата со стручните служби на САД, а беше разгледана и иницијативата за унапредување на институционалниот капацитет на Агенцијата за храна на полето на здравствената заштита и лабораториските капацитети, информираат од Агенцијата за храна.
Директорот Бабовски ги претставил активностите и приоритетите на кои работи Агенцијата за храна и ветеринарство на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, како и тековните проекти кои се реализираат.
Од американска страна биле презентирани активностите кои се реализираат во регионот на полето на биотехнологијата и била најавена можност за вклучување на Република Северна Македонија во регионалниот проект, чија реализација треба да почне наскоро, а во кој ќе бидат вклучени соседна Србија, Грција и Хрватска.
Во поглед на трговските односи меѓу Република Северна Македонија и САД, Бабовски потенцира дека државава продолжува со реализација на извозот на мали, но, квалитетни земјоделски производи на американскиот пазар и дека се прават напори за зголемување на асортиманот за пласман и на други македонски земјоделски производи во оваа земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа
Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух „Ај-кју ер“ (IQAir).
Според последните податоци, индексот на загаденост за Скопје во 9 часот изнесува 95, што е во категоријата на средна загаденост.
Од европските градови зад Скопје се Амстердам , Сараево и Белград, додека на светско ниво најзагаден воздух дишат жителите на Лахор (Пакистан), Делхи (Индија) и Карачи (Пакистан).
Министерството за животна средина и просторно планирање завчера издаде препораки до граѓаните за заштита од загадувањето. На сите работодавци и им се препорачува да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и граѓаните со хронична астма, прележан срцев удар или мозочен удар, без оглед на возраста. На оние кои мора да работат на отворено им се препорачува смените да им бидат поместени во интервалот од 11 до 17 часот.
Македонија
Татко и син тргувале со марихуана
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, татко и син од гевгелиското село Богородица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес со судска наредба во домот на осомничениот татко на 17 декември, како што информираат од Обвинителство, биле откриени околу 150 грама марихуана во разни пакувања, семки од канабис, метални и пластични грендери, две дигитални ваги, три бонга, како и шатор со електрична инсталација, светилки, ламби и мерачи на температура кои служеле за претходно производство на наркотична дрога-марихуана.
-Осомничениот син, пак, посредувал во купопродажбата на марихуаната. Дрогата која ја зел од неговиот татко со намера да ја препродаде, ја однел во куќата на дедо му каде престојувал. Кога полициските службеници отишле и таму да вршат претрес, тој ја заклучил влезната врата, наркотичната дрога ја фрлил во ВЦ шолјата и пуштил вода, а се обидел да се ослободи и од дигитална вага со остатоци од дрога, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се дадат во бегство или дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците на кривичното дело јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Гевгелија доставил предлог за определување мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка на претпазливост – привремено одземање на патните исправи.
Македонија
АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава
Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение со наредба за нештетно уништување.
Како што информираат од АХЦ, станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка.
-На увозникот издедено му е решение со наредба за нештетно уништување на спорните количини киви, по добиеното известување од негова страна дека пратката не може да се врати во земјата извозник, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.

