Црна хроника
Албански државјани криумчареле мигранти и се обиделе да поткупат полицајци

Албански државјани се обиделе да прокриумчарат седум мигранти од Сирија и Ирак, а еден од нив кога го запрела полицијата се обидел да ги поткупи полицајците. Против двајцата албански државјани од Поградец и Либразд се поднесени кривични пријави за криумчарење на мигранти, а против едниот и за давање поткуп.
Во понеделникот во 20.45 часот полицајци на автопат Демир Капија, кај наплатна рампа Градско, забележале две возила марка “Голф“ со албански регистарски ознаки и марка “Ауди“ со грчки регистарски ознаки во кои се превезувале повеќе луѓе. Прв се движел голфот кој заминал во правец кон Скопје, а полициските службеници го следеле „аудито“ се до Каласлари каде што го запреле. При контрола било утведено дека возилото е сопственост на дваесет и деветгодишен жител на албанскиот град Либразд кој го управувал автомобилот. Во возилото биле откриени тројца илегални мигранти на возраст од 25 до 34 години, двајца од Сирија и еден од Ирак. При контролата возачот, во својот пасош ставил прво 100 за да го ослободат, а потоа и уште 100 кои ги понудил на полицајците. Во тој момент полициските службеници забележале дека “голфот“ со албански регистарски таблички излегува од бензинската пумпа кај Каласлари и се упатува во правец кон Скопје, па едниот полицаец со службеното возило се упатил по него при што дал знак да застане возилото, со вклучување на рото светло и звучна сирена, но “голфот“ не застанал. Во близина на клучката за Велес и Штип, од возилото се симнале патниците по што “голфот“ продолжил да се движи уште 50-100 метра по што бил запрен.При контролата е утврдено дека “голфот“ било сопственост и управуван од дваесет петгодишниот албански државјанин од Поградец. На задното седиште во возилото се пронајдени торбици од лицата кои се превезувале во истото, а подоцна покрај патот се пронајдени и лицата при што е утврдено дека се работи за четворица илегални мигранти од Сирија на возраст од шест години, две лица на возраст од 27 години и едно 25 годишно лице. Заради расветлување на целиот случај, сите се приведени во полициската станица во Велес. Приведените кажле дека едниот ги прифатил мигрантите во близина на Гевгелија, а другиот во близина на Демир Капија во правец кон Скопје. /крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.