Топ
Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква.
До несреќата дошло кога излетал од патот автомобилот во кој се превезувала таа, заедно со уште една девојка, а го управувал И.А(38) од селото Облешево, Кочанско.
Другата сопатничка, која има 28 години се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Таравари да одговори со што го уценија ДУИ“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Таравари да одговори со што е уценет. Ова негово неразумно однесување може да се случи само како резултат на уцена и под диктат на криминалното лоби, истото тоа кое СДС го клекна на колена и го претопи во партнерство и брак со мафијата на ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Арбен Таравари треба да е искрен и да признае дека информациите кои сега ги лиферува за излегување од Владата како на пример дека не биле третирани добро албанските прашања или дека имало застој на ЕУ интеграциите се само бледо алиби за неговото уценето делување.
Арбен Таравари е уценет човек, цената на таквата уцена треба да се бара во бизнис или друг вид на мотиви. Тој се потврди дека не е стабилен партнер со кого може да се гради политика.
Тој треба да објасни на своите гласачи како сега за него ДУИ е правата вистинска и единствена опција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Свет
Трамп: Само будала не би прифатила бесплатен авион од Катар

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека има намера да го прифати авионот Боинг 747-8, вреден 400 милиони долари, како подарок од катарското кралско семејство. Авионот би служел како претседателски авион, „Ер Форс Уан“.
„Боингот 747 ќе им биде даден на воздухопловните сили/Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави, НЕ МЕНЕ! Тоа е подарок од земја – Катар – која успешно ја браниме со години. Нашата влада ќе го користи како привремен „Ер Форс Уан“, сè додека не пристигнат нашите нови авиони „Боинг“, кои сериозно доцнат. Зошто нашата војска, а со тоа и нашите даночни обврзници, треба да плаќаат стотици милиони долари кога можат да го добијат БЕСПЛАТНО од земја која сака да нè награди за добро завршена работа? Огромните заштеди наместо тоа ќе бидат искористени за да ЈА НАПРАВИМЕ АМЕРИКА ПОВТОРНО ГОЛЕМА! Само БУДАЛА не би го прифатил овој подарок во име на нашата земја. Ви благодариме за вашето внимание!“ напиша Трамп.
Некои членови на Демократската партија го нарекоа можниот потег на Трамп „грубо нелегален“ – што Белата куќа го негира – а критики стигнаа и од некои од поддржувачите на Трамп.
Самиот Катар претходно изјави дека би било „неточно“ авионот да се нарече подарок и изјави дека преговорите сè уште се во тек.
Европа
(Видео) Кремљ: Нашата делегација пристигна во Истанбул

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и украинската страна да се појави на преговорите.
Кремљ сè уште не објави кој ќе ја сочинува руската делегација на претстојните преговори во Турција, велејќи дека ќе го објави составот дури кога претседателот Владимир Путин „ќе смета дека е потребно“.
🤡The Russian delegation will be in Istanbul on May 15 and expects the Ukrainian side to arrive there, – Kremlin spokesman Peskov pic.twitter.com/ZWpInh9ag3
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) May 13, 2025
Сепак, според информациите добиени од „Вашингтон пост“ од поранешен руски функционер, Русија ќе ја претставуваат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот на Путин за надворешна политика Јуриј Ушаков.