Свет
Над 60 проценти од Русите не веруваат во „спутник В“, го сметаат Ковид-19 за биолошко оружје
Речиси две третини од Русите не сакаат да ја примат руската вакцина „спутник В“, против коронавирус, а приближно ист број веруваат дека вирусот е вештачки произведено биолошко оружје, покажало независно истражување на јавното мислење, кое го објави „Ројтерс“.
Институтот „Левада Центар“ наведува дека истражувањето спроведено минатиот месец открило дека 62 проценти од испитаниците не сакаат да ја примат руската вакцина, повеќето од нив на возраст од 18 до 24 години. Повеќето како главна причина зошто не сакаат да се вакцинираат ги навеле несаканите ефекти, вклучително треска и замор.
Студијата спроведена на 1.601 лице во 50 региони покажала дека 64 проценти од луѓето веруваат дека новиот коронавирус е биолошко оружје.
Потеклото на Ковид-19 е високо исполитизирано, но повеќето вирусолози и експерти за инфективни болести сметаат дека најверојатно неговото потекло е по природен пат.
Мисијата на СЗО што ја посети Кина минатиот месец објави дека не истражува дали вирусот избегал од лабораторијата, сметајќи дека тоа е многу малку веројатно. Експертите на СЗО веруваат дека вирусот потекнува од лилјаци и има повеќе можности бидејќи се шири на луѓето, можеби преку некое друго животно.
Верувањето дека вирусот е биолошко оружје го делат 71 процент од Русите на возраст меѓу 40 и 54 години, а само 23 проценти веруваат дека тој се појавил природно.
Русија пријави речиси 4,3 милиони заразени од почетокот на пандемијата. Три вакцини Ковид-19 се одобрени во Русија. Земјата, со околу 145 милиони жители, почна масовна вакцинација со „спутник В“ во декември.
До 10 февруари, барем првата доза ја примија повеќе од два милиони Руси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

