Црна хроника
Кошаркар од Јамајка кој играл во Србија, прегази девојка во Белград
Единствениот странец во српската кошаркарска лига, Кимани Френд во петокот вечерта со автомобил прегазил дваесет и деветгодишна девојка во центарот на Белград, јавува Блиц.
Несреќната девојка, Невена Драгутиновиќ, која починала на местото на несреќата, во моментот на ударот била е со својата сестра близначка, која по претрпениот шок е префрлена во Ургентен центар.
На Френд, кому му измерено 0,98 промили алкохол во крвта, му е одреден 48 часовен притвор.
Сообраќајката се случила околу 4,20 часот на аголот на улиците „Цар Душан“ и „Француска улица“.
Триесет и петгодишниот кошаркар од Јамајка ја прегазил девојката на пешачкиот премин на левата лента. Според неговата изјава што им ја дал на полицајците, тој се обидел да избегне таксист, кој стоел на десната лента.
Од Итната помош велат дека повикот за помош го добиле во 4.24 часот, и дека им било соопштено дека се работи за сообраќајна несреќа.
„Кога екипата излезе на терен, девојката не даваше знаци на живот, а можеа да се видат тешки повреди на главата“ вели Нада Мацура од Итната помош.Френд во петок го напушти кошаркарскиот клуб „Металец“, а требаше да премине во Валјадолид.
Овој играч стигна во кошаркарскиот клуб во Ваљево, во септември како слободен агент. Освен во Србија Кимани играл во Турција, Италија, Венецуела, Кореја, Иран и Шпанија. /крај/бл/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

