Црна хроника
Утврден идентитетот на двајцата напаѓачи во училиштето „Здравко Цветковски“
СВР Скопје го утврди идентитетот на двајцата напаѓачи во вчерашниот инцидент во ДСУ „Здравко Цветковски“ во кој животот го загуби Јашари М (1992) од Кондово, а повреден е ученикот Д.А.
Против малолетниците Д.Т. (1995) од Скопје ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело – убиство, додека против С.Г. (1992) ќе следува пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело – насилство.Набргу по инцидентот, С.Г. е пронајден и приведен и денеска ќе биде изведен пред Истражен судија, додека полицијата се уште трага по Д. Т. Осомничениот малолетник Д.Т. и претходно и е познат на полицијата како осомничен за повеќе дела тешки кражби.„Според досега добиените сознанија, инцидентот се случил од банални причини, односно по претходни недоразбирања помеѓу С.Г и повредениот Д.А.. Во изјавите во полиција беше посочено дека Д.А. пред неколку недели, пред девојката, во населбата каде живее, со неколку шамари бил нападнат од С.Г. Во текот на вчерашниот ден двајцата се виделе во училиштето по што започнале меѓусебни провокации. После одредено време, С.Г. се вратил во училиштето заедно со Д.Т каде во дворот, со тупаници и клоци го нападнал Д.А. кој започнал да бега кон влезната врата во зградата. Во тој момент, инцидентот бил забележан од обезбедувањето на училиштето кое тргнало кон напаѓачите. Двајцата напаѓачи започнале да бегаат, а прво осомничениот Д.Т. замавнал кон Јашари М. кој се стрчал кон нив за да му помогне на Д.А.. Од ударот Јашари М. паднал на земја, а напаѓачите го напуштиле училиштето“, стои во соопштението од СВР Скопје.Инцидентот се случил вчера, околу 14 часот и 30 минути во дворот на ДСУ,,Здравко Цветковски“ кога дошло до расправија помеѓу неколку ученици, кои користеле шипка, од што со тешки телесни повреди се здобил ученикот Јашари М кој бил пренесен во Клиничкиот Центар каде лекарите констатирале смрт, а со телесни повреди се здобил ученикот Д.А.(1994) од Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

