Црна хроника
Детска расправија-причина за тепачката кај Чаирчанка
Детска расправија била причината поради која настанала тепачката во која еден ученик утрово беше повреден со нож во левата рака кај трговскиот центар Чаирчанка, велат од МВР
Двете групи биле од албанска национална припадност и според првичните информации, не станува збор за меѓуетнички судир.Едната група учесници во тепачката учеле во основното училиште „Цветан Димов“, а другата група во основното училиште „Лирија“.Сите биле на возраст од 13 и 14 години, односно биле седмоодeленци и осмоодeленци, а повреденото четиринаесет годишно момче било ученик во „Цветна Димов“.Момчето било пренесено во болница и му била констатирана расекотина на левата подлактица. Неговата состојба е стабилна.Во тек се разговори со учесниците во тепачката, кои се водат во присуство на родителите и се утврдуваат причините тепачката.Од почетокот на месецов, тепачките во училиштата станаа секојдневие. Започнаа со ранети ученици во хемиското училиште „Марија Кири – Склодовска“, продолжија во ветеринарното во Драчево и гимназијата во Велес.Скоро сите од тепачките беа започнати и завршија кобно од банални причини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец вознемирувал италијански државјанин – кочел, возел пред него и на крајот го удрил
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Предизвикување општа опасност против 30-годишен скопјанец.
Тој на 14 ноември на булеварот „Партизански одреди” и околните улици, со општоопасно средство, предизвикал значителна опасност за животот и телото на италијански државјанин. Оштетениот управувал автомобил „Алфа Ромео Тонале“, со италијанска регистарска ознака, во кое била и неговата девојка. Кога се обидел да се престрои во левата коловозна лента, осомничениот, управувајќи возило „Алфа Ромео 147“ со скопски ознаки, ги претекнал со голема брзина, па неколку пати нагло кочел и застанувал. Кога двете возила свртеле во лево на улицата „Франклин Рузвелт“, осомничениот со своето возило правел нагли промени на коловозните ленти, го следел возилото на оштетениот и постојано нагло застанувал пред него, со што предизвикувал сообраќаен хаос.
Оштетениот се обидувал да избегне судар со возилото на осомничениот, но на улицата „Народен фронт“, осомничениот се вратил наназад со голема брзина и го удрил во предниот лев дел од возилото. Кога оштетениот застанал за да повика полиција, осомничениот се приближил со своето возило и фрлил тврд предмет кон нив, извикал нешто неразбирливо и се оддалечил од местото на настанот.
Заради обезбедување присуство на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, а имајќи ја предвид реалната опасност од бегство или од повторување на кривичното дело спрема оштетениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
18-годишна девојка од Србија пријавила дека такси возач ја допирал по телото во Гази Баба
Oсумнаесетгодишна девојка од Србија синоќа во полицијата пријавила попладнето била вознемирувана од такси возач на подрачјето на Гази Баба.
Според нејзината пријава, додека се возела во такси возило, возачот ја допирал по телото и ја бакнал.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
34-годишна жена нападната од сопругот во Скопје, тетовец пријавен за телесна повреда врз сопругата
Во полицијата во Скопје вчера попладне пријавила 34-годишна жена од скопско село дека претходната вечер, околу 19:30 часот, била физички нападната од нејзиниот сопруг, 38-годишниот С.М., со кого во моментов се наоѓаат во бракоразводна постапка. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
СВР Тетово, пак, поднесе кривична пријава против 58-годишниот Ш.Е. од Тетово, поради сомнение за кривичните дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. Според пријавата, на 27 мај годинава, во семејниот дом, тој физички ја нападнал својата 49-годишна сопруга.

