Свет
Намалено нивото на опасност за цунами на Нов Зеланд

Властите на Нов Зеланд го намалија нивото на предупредувања за цунами издаденo по третиот силен земјотрес со епицентар недалеку од Кермадек.
Како што наведуваат тамошните медиуми, во некои градови владеела паника бидејќи стотици луѓе се обиделе да достигнат некои повисоки места поради предупредувањето за цунами, но вчера попладне властите објавија дека поминале најголемите бранови, а на жителите им беше кажано дека може да се вратат дома со предупредување да се држат подалеку од плажите.
Владината агенција за геолошки истражувања на Јужна Австралија (ГССА) објави дека се регистрирани приближно 25 помали земјотреси со јачина од 5 и повеќе степени по силниот земјотрес крај брегот на островот Кермадек, пренесува „Тасс“.
Претходно, Националната агенција за управување со вонредни состојби на Нов Зеланд соопшти дека третиот земјотрес што ја погоди областа во петокот наутро бил со јачина од 8,1 степени, а жителите на некои области добиле предупредувања за итни случаи на своите телефони со повик да ги напуштат своите домови додека надвор се огласиле сирени.
Јужниот пацифички архипелаг Нова Каледонија и Вануату исто така се предупредени да се подготват за опасни бранови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.