Свет
(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирусот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/maxresdefault-1.jpg)
Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со што влегоа во историја на медицината, соопштија официјалните претставници на зоолошката градина.
Една од примателите на вакцината е 28-годишна женка орангутан Карен, која во 1994 година била првиот мајмун што бил подложен на операција на отворено срце. Секое од деветте животни доби две дози од експерименталната вакцина, првично наменета за кучиња и мачки. Ниту еден од мајмуните нема лоша реакција на вакцината и сите се добро, изјави портпаролката на зоолошката, Дарла Дејвис, за „Ројтерс“.
Официјалните лица одлучија да ги вакцинираат мајмуните откога во јануари горила во сафари-паркот во Сан Диего се зарази од коронавирус, што беше прво познато пренесување на коронавирусот кај мајмуните. Осум горили закрепнаа од тогаш и се на пат кон целосно оздравување, рече Дејвис.
Горилите сега не се вакцинирани затоа што ветеринарите процениле оти нивниот имунолошки систем веќе има развиено антитела за борба против вирусот. Се смета дека горилите биле заразени од асимптоматски работник во паркот.
Орангутаните и бонобосите беа избрани за вакцинирање затоа што се рангирани во групата најризични животни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Асанж пристигна во Австралија: емотивна средба со сопругата и неговиот татко
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/677z381_asanz-kanbera.jpg)
Џулијан Асанж, кој од денеска и официјално е слободен човек, се врати во Австралија, а најемотивната средба ја имаше со сопругата Стела.
Julian Assange greets his supporters at the fence and kisses his wife after touching down a free man #auspol pic.twitter.com/HQ4JbyWKvH
— Sarah Basford Canales (@sbasfordcanales) June 26, 2024
Откако авионот слета на аеродромот во Канбера, Асанж излегол од авионот, а го пречекале бројни новинари и поддржувачи кои аплаудирале и скандирале за него.
Камерите го снимиле моментот кога Асанж ја прегрнал сопругата, ја кренал од земја и ја бакнал, а потоа го прегрнал и татко си.
Свет
Кремљ се огласи за Асанж: Сите го добија тоа што го сакаа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/kremlj-moskva.jpg)
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека секој го добил она што го сакал кога станува збор за признавањето на вината и ослободувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
– Овде зборуваме за судски договор. Како што разбрав, секој го доби она што го сака. Нема што да се додаде, ништо да се коментира – изјави Песков на новинарите.
Асанж беше формално ослободен пред американскиот суд на Маријанските Острови, откако се изјасни за виновен по едното обвинение за кршење на Законот за шпионажа според договорот со американското Министерство за правда.
Основачот на „Викиликс“ потоа отпатува во родната Австралија.
Регион
Најмалку едно лице е убиено во масовна тепачка во затвор во Грција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/zatvor-960x614.jpg)
Во најголемиот затвор во Грција, Коридалос, дошло до тепачка меѓу осуденици, во која животот наводно го загубил најмалку едно лице, а има и повредени.
Како што пишуваат грчките медиуми, дошло до тепачка меѓу затвореници од Албанија, кои се сместени во 4-то одделение, каде се сместени претежно осудените за најтешки кривични дела.
Во овој момент не се знае како дошло до тепачката ниту кој е убиен.
Според неофицијални информации, едно лице е избодено со нож.